Кога врне крив е Петрески а кога грее сонце заслужни се ВМРО ДПМНЕ

Реакција од Локалната самоуправа на пресот на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.  Дождот покажа како локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во 2003 год. ја поставувала атмосферската канализација, стои во реакцијата.

 |   | 
опстина
општина

опстинаЗа ВМРО – ДПМНЕ Александар Петрески е крив затоа што вчера дождот интензивно,  паѓаше во Охрид во текот на целиот ден. Најверојатно тие се заслужни што денес грее сонце. Можеби премиерот Никола Груевски го пушти денешното сонце во Охрид?! – стои во реакцијата од Локалната самоуправа на денешниот прес на Дејан Паноски.

“Колку за потсетување, колекторскиот систем е една од најголемите инвестиции направени воопшто во Охрид. Изгаден е со средства на граѓаните , а во неколку наврати , за негова ревитализација и доизградба пари донираа владите на неколку европски држави. За жал , досега македонската влада не вложила ни денар, за да се комплетира работата на овој комунален објект. Одржувањето на  колекторски систем скапо ги чини и граѓаните и Локалната самоуправа , а .  ЕЛЕМ која целосно го користи езерото за произведување на електрична енергија, ,не одвојува ни денар за субвенција на потрошената електрична енергија на пумпните станици на системот. – се вели во писмената реакција.

Од локалната потсетуваат на проблемот со дупката кај поранешниот маркет “Макси Д ВИДОА“  и велат „Граѓаните видоа како тимот на ВМРО – ДПМНЕ во 2003 година ја поставуваше атмосферската канализација. Видоа како тој тим цевките ги оставал пресечени на половина и затрупани. Можат ли, барем да ни кажат уште на колку места цевките се така оставени, пресечени и затрупани, па ние да ги санираме?!“

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top