Ќе се реконструира градскиот кеј во Охрид

Општината не се откажува од проектот за реконструкција на кеј Македонија. Иако првиот обид да се добијат пари од Светска банка за оваа намена не беше успешен , општината повторно ќе аплицира. Потребната документација е комплетирана.

 |  Соња Рилковска  | 

В. Д градоначалникот Константин Георгиески вели иако проектот за реконструкција на кеј Македонија беше ниско рангиран  од Светска банка заради недостиг на документација,  општината не се откажува, повторно ќе аплицира за пари за оваа намена.
Лицето на градот Охрид, местото каде уживаат гостите и охриѓани,  ќе добие сосема нов современ  лик. Сега е обезбедена комплетната документација со правосилно одобрение за реконструкција на кејот.

 „Сега имаме одобрение за градба од министерство за транспорт и врски кое што е правосилно и тоа ние како документ во нашата апликација гдо Светска банкаго немавме. Во меѓуврее ја добивме и студијата за влијание на животна средина за истиот проект и сега ке следат две јавни анкети. Поради тие недостатоци во апликацијата бидејки немавме време да ги добијаме тие два документи нашиот проект беше ниско рангиран а не беше одбиен“, појаснува в.д градоначалникот  Константин Георгиески.

Кејот е граден на примитивен начин пред повеќе децении со материјали кои се уништени  и постои опасност  за поголеми оштетувања. За негова реконструкција потребни се милион и шестотини  илјади евра. Гергиевски вели ако Светска банка го одбие проектот ќе се бараат поинакви начини за негова реализација.

„Кејот ќе биде еден од најрепрезентативните  проекти за градот. Сите туристи што доаѓаат  го гледаат кејот, не одат во периферија да бараат неасфалтирана уличка. Секаде во светот каде и да одите ќе најдете неасфалтиурани улици и дупки, меѓутоа центарот ниа како туристи секогаш одиме в центар и тоа мора да биде добро уредено и репрезентативно. И кога бевме на состанок кај вицепремиерот Ангушев јас му реков ако не успееме со Светска банка ќе најдете пари од буџетот за кејот и тоа е . Ќе ја водиме оваа работа ако не успееме преку Светкса банка ќе го финансираме поинаку“, додава Георгиески.

Клучниот проблем после  добивањето на парите од Светска банка ќе биде тоа што проектот ке мора да биде завршен до крајот на годинава што е невозможно, но имало можност за пролонгирање на рокот.  
Кејот  ќе  биде автентичен и ќе се  вклопува во изгледот на Охрид,бидејки  при изработката на проектот  посебно   се внимавало  да не се нарушува природниот еко систем на Охридското езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top