Ќе се одбележат 20 години од востанување на наградата „Григор Прличев“

Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник  Григор Прличев.

 |  Валентина Неловска  | 
гпрличев
гпрличев

Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник  Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на  носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении  започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет од 19 век.  Во вторник, беседите продолжуваат со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура која го носи името на преродбеникот и преставување на наградената поема за 2012 година „ Век за самување“ од Веле Смилески , на која свечена реч ќе одржи Бранко Цветкоски. Поемата за 2012 година ќе биде промовирана на 20-годишнината од востанувањето на  наградата „Григор Прличев“.

книгаВо националната  установа, библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалната „Прличева Визита“, а неколку македонски писатели ќе читаат поезија во чест на лауреатот.

 Манифестацијата „Прличеви беседи“ се одржува во организација на Центарот за култура и националната установа , библиотеката во Охрид што го носат името на поетот, во соработка со издавачката куќа „Детска радост“ и општина Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Григор Прличев пред век и половина, во 1860 година во Атина  беше овенчан со Ловоров венец  за  поемата „Сердарот“. За неа авторот  од критиката го доби називот Втор Хомер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top