Казнети 7 возачи од Охрид кои престигнувале на недозволено место

При засилените сообраќајни контроли, полициските службеници од СВР Охрид регистрирале и санкционирале 21 возач. 

 |   | 

На 05.08.2021 година од 07 до 12 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници регистрирале и санкционирале 21 возач на патнички моторни возила кои извршиле престигнување на недозволено место (Охрид-07, Струга-06, Кичево-05, Дебар-03).

Сообраќајните контроли кои и понатаму ќе бидат интензивни, се со цел доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот и зголемување на степенот на безбедност на патиштата. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при управувањето со возилата и целосно придржување до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација како основен предуслов за избегнување сообраќајни незгоди – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top