Каргов во посета на ФТУ

Запознавање со работата на царината не само од она што се учи туку и практично. Денес пред студентите предавање за организација и работата на царинската управа одржа првиот човек на Царинскта управа Ванчо Каргов.

 |  Николоска Биљана  | 
ftu-kargov
фту-каргов

Директорот на царинската управа на Македонија Ванчо Каргов во посета на ФТУ. ftu-kargovТој на студентите од факултетот за царина и шпедиција им одржа предавање за организацијата и работата на царинската управа и специфичните области од царината. Каргов истакна дека целта на ваквите предавања е студентите поблиску да се запознаат со работата на царината не само од она што го имаат како претстава во книгите туку и практично. Соработката со ФТУ е одлична и студентите од овој факултет се потенцијални кандидати за работа во царинската управа, додава Каргов.

„Тие се едни од најфрекфентните кандидати за прием на работа во Царинската управа иако се разбира, не мора да се вработуваат само во Царинската управа, туку можат и во шпедиција и во кои било други фирми кои што поинтензивно се занимаваат со увоз-извоз бидејќи овој профил на кадри е потребен во секоја компанија“ – изјави Каргов.

ftu-kargovПроф. Д- р Сашо Коруновски деканот на Факултетот за туризам и угостителство појасни дека нивните заложби се во насока да произведат квалитетни кадри кои рамноправно ќе можат да конкурираат на пазарот на труд. Додаде дека последните години царинската управа има коректен однос со нивните студенти.

„Царинското работење има широк опсег на работење и секој треба да си го најде своето место. Наша должност е да инсистираме и да бидеме забележани во таквите процеси на вработување и секогаш Царинската управа да има во предвид дека постојат кадри кои се спремни да покријат одредени сегменти од работењето на царинската управа на Македонија. Се друго е слободен пазар на вработување и способност и компетенција на студентитие“-вели Коруноски.

Годишно на насоката за царина и шпедиција на овој факултет студираат по 12-тина студенти. Коруновски најави дека наскоро се очекува пред студентите предавање да одржи и директорот на Управата за заштита на културното наследство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top