• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот

Во пандемската година се регистрира намалување на бројот на инфаркти во охридскиот Завод за кардиологија. Оваа здравствена установа непречено функционира и покрај тоа што има поголем број на здравствени работници кои се позитивни на ковид 19. 

 |  Валентина Неловска  | 

Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност и во земјава и светот, информира д-р Виолета Мојсовска од ЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Во Неделата на Кардиоваскуларни заболувања кога се подига свеста кај населението за превенција од овие заболувања, светската статистиката покажува број од 18,6 милиони пациенти кои починале од кардиоваскуларни заболувања во 2020 година. Д-р Мојсовска напоменува дека во време на пандемија во нивната установа е регистрирано намалување на бројот на инфаркти. Тоа го покажале податоците со кои Завод за кардиологија бил дел од Европска студија за истражување на состојбата со овие заболувања минатата година.

„Пациентите не се јавуваа на време дали од страв, дали медицинските лица беа преокупирани со ситуација на ковид инфекцијата се занемаруваа кардиоваскуларните заболувања. Самата студија докажа дека во месеците март и април, потоа во мај и јуни дека бројот на инфаркти беше намален. Ќе видиме понатака која беше причина за намалување на бројот кој со години е во пораст и нас не ни се верува. Но, пријавените случаи и пациенти кои се јавуваат со симптоми дијагностициран инфаркт беше значајно помал“.

Д-р Мојсовска упатува препорака пациентите со кардиоваскуларни заболувања и во ризик да ја земаат редовно препишаната терапија, да внимаваат на начинот на исхрана и на животниот стил. Апелира и на самозаштита и следење на препораките за заштита од коронавирусот. Во пандемската година, лекарите од оваа здравствена установа се соочиле и со лекување на пациенти со кардиоваскуларни заболувања кои заболеле од ковид 19.

„Кај нас јавноста знае дека се третираат најтешките и најкомплицирани случи од регионот, користиме инвазивна и неинвазивна респираторна поддршка. Процентот на успешено третирани пациенти е огромен. Но, за жал како што сме сведоци на оваа опака болест има и компликации каде што не можевме многу да направиме“.

Од оваа здравствена установа, информираат дека непречено функционираат иако во моментов има поголем број на здравствени работници кои се позитивни на ковид 19. Медицински се згрижуваат и се третираат сите интервенти случаи и пациентите со тегоби од регионов, а во мирување се ставени само Мој термин и контролните прегледи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top