• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за учество на претстојните предвремени парламентарни избори

Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за учество на претстојните предвремени парламентарни избори

Граѓаните со својот потпис може да ја поддржат листата во 5тата Изборна единица,  секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна до петок 6ти март, во одделението на Државна изборна комисија во зградата на општина Охрид.

 |   | 

Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи“ започнаа со собирање потписи за да добијат право за настап на престојните предвремени парламентарни избори.  Граѓаните со својот потпис може да ја поддржат листата во 5тата Изборна единица во која носител е Горан Тасковски, поранешен Aмбасадор на Република Македонија во Турција,  секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна до петок 6ти март, во одделението на Државна изборна комисија во зградата на општина Охрид.

„Ве покануваме, со вашиот потпис да изразите поддршка за носителот на листата во изборна единица број 5 Горан Тасковски, Aмбасадор на Република Македонија во Турција, во периодот од 2011 до 2015 година, како и за нашата охриѓанка, втора на листата, Наташа Спасеска Цветкоска. Со вашиот потпис бидете дел од новиот пат во Македонската историја, Новата ера – Ера трета.“ – велат од Македонски независни листи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top