ЈП Билјанини извори склучи договор со ЕВН за сервисирање на долгот

ЈП Билјанини извори склучи договор со ЕВН  за сервисирање на долгот.

 |  Валентина Неловска  | 
би
би

Ристе Мишев директор на ЈП Билјанини извори даде отчет за работењето на претпијатиоето во изминативе две години. Во овој период успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието, истакна при тоа Мишев. Долгот на претпријатието е намален за 2 милиони и 204 илјади денари и  се обезбедени  средства за спортските објекти. Претпријатието долго време го мачеше долг  за неисплатена  електрична енергија кон ЕВН Македонија.

би„ Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние. Склучивме конечно договор за сервисирање на долгот кон  ЕВН со посредство  на Локалната самоуправа да го исплатиме целиот наследен долг на одреден број рати“, напомена Мишев.

Во касата на претпријатието ќе се инкасираат средства по неколку основи. Финансиска инјекција за Билајнини извори ќе се приходите од изнајмувањето на  фудбалскиот терен со вештачка трева, договорот за субвенционирање на сите спортски клубови од страна на ЛС како и изнајмувањетона  двокатниот автобус на туристичките агенции. Пари се очекуваат и од стопанисувањето со градскиот паркинг простор. Засега првиот обид да се  имплементира современиот начин на паркирање со смс пораки е вратен на ревизија.
паркинг
„ Првата јавна објава Комсијата за јавни набавки ја поништи.Ние мислиме дека тоа е единствен и најдобар начин за воспоставуавње ред во сообраќајот и наплатата на паркинг просторот. Веднаш  ќе пристапиме кон забелешките кои ги имаше Комисијата за јавни набавки во Скопје, па ќе пристапиме кон објавување на ист тендер“, додава Мишев.

Останува, неизвесно дали проектот ќе се воведе до почетокот на  летната сезона.
На СРЦ Билјанини извори ќе се реализираат и ова година бројни спортски проекти. Мишев ги наведува ракометниот камп кој ќе го орагзнаира најдобрата европска ракометарка Андреа Лекиќ, како и  организирање на кампови за кошарка и фудбал. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top