• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЈП Билјанини извори ќе покрене барање за одстранување на хаварисаните пловила од десната страна на каналот

ЈП Билјанини извори ќе покрене барање за одстранување на хаварисаните пловила од десната страна на каналот

Во соработка со Капетанија и Хидробилошки завод  ќе побараат да се утврдат надлежностите за ставање ред во каналот. Неисправните пловни објекти со години скапуваат во каналот и стануваат потенцијална еколошка опасност. 

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска.

„Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик, а во делот кон изворите е на Хидробиолошки. Капетанија да направи увид кој дел на кого припаѓа бидејќи тие располагаат со пловидбата. Да се наложи расчистување , да се види кои се сопствениците на пловилата кои најчесто се хаварисани, нерегистрирани и не се во возна состојба“, наведува Јованоска.

Голем дел од сопствениците чии пловила не се регсистрани или се неисправни од левиот дел на каналот завршија на десниот брег по добивањето на ЈП да стопанисува со дел од каналот, информира Јованоска.

„Ние имаме список на сите корисници на наша страна. Од другата страна има дел, а на дел нема. Некој немаат регистрација ни број , оставени се на диво со години. Има стари бродови кои не се во функција и на телефонските броеви од сопствениците никој не се јавува. Ќе се обидеме и мора да го решиме и тој дел. Не е само лоша сликата во каналот  туку може да дојде и до хаварија, пловилата се кородирани, а може да истече масло или друга материја која е штетна за екологијата“, вели Јованоска.

Ова лето, ЈП Билјанини извори го доби на стопанисување левиот дел од брегот на каналот Студенчишта. Сопствениците на регистрираните исправни пловила по категории добија свое место за паркинг по формирана цена за услугата со што се стави ред во каналот Студенчишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top