Јосип Јурај Штросмаер го задолжи македонскиот народ

Она што го направи Јосип Јуриј Штросмаер за браќата Миладиновци, на полето на културата односно литературата, го задолжи македонскиот народ за сите времиња. Тој посебно е значаен  бидејќи во 1861 година со 70 илјади гроша финансиски го поддржува отпечатувањето на Зборникот на браќата Миладиновци под услов грчките букви во Зборникот да бидат заменети со словенски. Ова го истакна Мр Разме Кумбароски на денешното чествување што се одржа во градската библикотека, по повод 200 години од раѓањето на Штросмаер.

 |  Николоска Биљана  | 
strosmaer
штросмаер

strosmaerДенес во Охрид се одржа чествување по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер, познатиот голем народен добротвор. Иницијативата за едно вакво одбележување во Охрид потекна од  М-р Разме Кумбароски, изјави директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Александра Белевска. Таа истакна дека Штросмаер се што успеал да направи во животот било во знакот на доблеста, која до особен израз дошла со поддршка за издавањето на капиталното дело Зборникот на Миладиновци. За животот и делотo на Штросмаер се обрати М-р Разме Кумбароски и Хрватскиот амбасадор во Р. Македонија Златко Крамариќ

„Пред 154 години точно на 24 јуни 1861 лето господово во Загреб, во приватната печатница на Анте Јакиќ од печат излегува Библиската света книга Зборникот на народни песни. Тој бил мецената спонзорот, што сепак им дал рака на браќата Миладиновци. “ – вели Кумбароски.

strosmaerХрватскиот амбасадор Златко Крамариќ оцени дека Штросмаер е несомнено најзначајната хрватска просветна личност која направила многу не само за хрватската, туку и за европската култура. Неговите визии се покажале дека и ден денес тој бил на вистинскиот и добриот пат, нагласи Крамариќ, додавајќи дека сето она што денес го има Хрватска како традиција е создадено во периодот на Штросмаер.

„Еден од тие луѓе кои влијаеја на моето формирање, и политичко и ова другото, навистина беше тој извонреден човек кој горе-долу во сите анкети кои се прават денес во Хрватска за тоа која е најзначајна историска личност, тогаш Јосиstrosmaerп Јурај Штросмаер без никакви проблеми победува. Кога ги победува Тито и Туѓман, тогаш знаете дека станува збор за една личност која оставила длабока трага во нашата културна и политичка, но и духовна историја.“

Стихови од Зборникот интерпретираше охридскиот писател Мирко Томоски.

Штросмаер е роден на 4 февруари 1815 година во Осиек. Неговото мото „Се за верата и татковината“ ја применува цел живот. Меѓу другото ја создал хрватската Академија на науките и уметностите. На чествувањето по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески, неговиот заменик Ангел Јанев, претставници од хрватската заедница и останати јавни личности од  Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top