Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – доцни пролетни мразеви која ја зафати територијата на општината во деновите: 15 и 16 Април 2021 година да ја пријават штетата на своите насади до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

 |   | 

Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;

копие од трансакциска сметка;

доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 26.05.2021 година.

За сите дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 286 855.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top