Излеана штетна течност по Охридското Езеро

Непозната течност формира маслена дамка во Охридското Езеро на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум. Екологистите бараат расветлување на случајот и да се отстранат пловните објекти кои го загадуваат езерото.

 |   | 

Охрид на црна листа на УНЕСКО, а езерото станува претесно за пловните објекти кои загадуваат, алармираат екологистите. Маслена дамка во езерото на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум беше забележана викендов од страна на граѓанин. Михајло Наумоски, кој секојдневно го користи езерото за рекреација вели дека е револтиран бидејќи досега не забележал такво нешто, а можел да го види и незадоволството на туристите кои уживале на Охридското крајбрежје во тој момент.

-Се чувствуваше некој страшен мирис на нафта, прегорено масло, меѓутоа не видовме бидејќи честопати по кејот поминуваат скутери, замислете не користат улица поминуваат по кејот и мислев дека се издувни гасови. Кога влеговме во водата буквално светеше на сонцето, тоа се случуваше на потегот од трските во голема должина некаде 200 метри, ширина некаде 4-5 метри во езерото.-истакна Наумоски Михајло кој за оваа појава ги информира медиумите и Еколошкото друштво „Грашница“.

Екологистите излегле на терен и извршиле увид, но не можеле да констатираат за каква материја станува збор.

-Се јавивме во полиција, дојдоа од крим техника, сликаа, снимаа и рекоа дека ќе превземат акција, колку превзедоа не знаеме затоа што наредниот ден направивме контрола но, немаше ништо. Се јавивме во Општина Охрид, на инспекторатот и рекоа дека не се запознаени со ситуацијата и е жалосно што МВР не ги известила.-вели Борис Џајкоски од Еколошко друштво „Грашница“ од каде додаваат дека иако ова е појава од помал обем, уште еднаш го наметнува прашањето за вистинската потреба од премногу пловни објекти и бараат тотална забрана за пловни објекти кои претставуваат опасност и го загадуваат езерото.

-Ние вчера бевме и во посета на Капетанија, разговаравме со дел од вработените и го делат нашето мислење дека треба да се преземат што поскоро тоа подобро мерки, односно се наметнува потребата од тотална забрана на пловни објекти на горива што се опасни и можат да загадуваат.-истакна Стојаноски Борис од еколошкото друштво „Грашница“ .

Во врска со излеаната течност по езерото го контактиравме државниот инспектор за животна средена за охридскиот регион и општинскиот инспекторат за животна средина. И двата инспектори биле информирани за случајот но ниту еден во моментот не бил во можност да излезе на терен и да изврши увид. Фотографиите до нашата редакција беа испратени во рамки на „Ти си твојот град“ .

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top