Изгоре цела трева во охридската касарна

Пожар избувна во поранешната охридска касарна „Михајло Апостолски“, попладнево околу 15 часот. Интервенираше територијалната противпожарна единица со 4 возила а во гаснењето помагаа и жителите на околните куќи.

 |  Николоска Биљана  | 

Голем пожар попладнево избувна кај поранешната охридска касарна „Михаило Апостолски”. Дополнителен проблем кој ја засили огнената стихија беше силниот ветер кој го зафати Охрид.

Според информациите кои ги добивме од командирот на Охридската противпожарна Единица Спасе Прентоски, во гаснење на пожарот учествувале 4 возила и околу 17 пожарникари. Состојбата дополнително била покомплицирана и заради неможноста на возилата да влезат во касарната заради бодликавата жица. Исто така и на нашата екипа не и беше дозволено да пристапи до теренот каде што гореше тревата.

Според првичните проценки не е причинета материјална штета освен што изгорела целата трева и нискостеблеста вегетација. Не биле зафатени објектите кои се во касарната. Поради брзата интервенција на пожарникарите пожарот бил целосно ликвидиран, тврди Прентоски.

Во гаснење на пожарот учествувало и месното население, кое видно било испаничено поради брзината на ширење на пожарот и густиот чад. Според очевидци некои од жителите од куќите во близина почнале да ги напуштаат своите домови стравувајќи од брзото ширење на огнот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top