• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Интернационалниот центар за емоционална интелигенцијa активен во пандемијата за јакнење на психолошкиот имунитет

Интернационалниот центар за емоционална интелигенцијa активен во пандемијата за јакнење на психолошкиот имунитет

Пандемиската година ги направи луѓето посвесни за потребата од грижа не само за физичкото здравје туку и  за јакнење на психолошкиот имунитет и емоционалната благосостојба. Кај луѓето расте интересот за стекнување вештини како да ги разбереме емоциите, сопствени и туѓи, да управуваме со нив за лична внатрешна благосостојба но и професионален успех.

 |   | 

Пандемиската година ги направи луѓето посвесни за потребата од грижа не само за физичкото здравје туку и  за јакнење на психолошкиот имунитет и емоционалната благосостојба. Кај луѓето расте интересот за стекнување вештини како да ги разбереме емоциите, сопствени и туѓи, да управуваме со нив за лична внатрешна благосостојба но и професионален успех. Стручните лица тоа го изразуваат преку терминот емоционална интелигенција која ја сочонуваат 5 компоненти  или т.н Големанови атрибути: самосвест, самоконтрола самомотивација, емпатија и социјални вештини.

„ Емоционална интелигенција е разбирање на емоциите на другите односно сет на способности кои зборуваат за контрола, препознавање на емоциите кај другите луѓе и на некој начин постигнување на емоционална благосостојба. Интересен податок е дека најновите истражувања покажуваат дека само 30% од вкупната енергија која ни е потребна ја добиваме од хранливи материи а останатите 70% од нашиот вкупен енергетски потенцијал се должи на емоционалната интелигенција односно балансот помеѓу нашата внатрешност и надворешноста.  “ – вели за ТВМ  Проф. д-р Љупчо Кеверески, Национален координатор на Интернационалното здружение за емоционална интелигенција.

Емоционалната интелигенција може да се научи и применува за менаџирање на вашето расположение, контрола на импулсивните реагирања и подобрување на квалитетот на животот.
„ За разлика од конгитивната интелигенција она што претставува билошки или природна или IQ интелигенција ,  за среќа денешниот човек или цивилизацијата може да ја развива емоционалната интелигенција со одлични програми. Во светот насекаде, и во менаџерските тимови на големите компании имплементираат програми кои  имаат посебно влијание за развој на нивото и квалитетот на емоционалната интелигнција. „ – посочува Проф. Кеверески.

Минатата година во Охрид се формира Интернационален центар за емоционална интелигенција кој по својата структура е едниствен во државава. Потпретседател на управниот одбор е поранешниот амбасадор на Република Словенија Проф.д-р Милан Јазбец. м-р Нина Момироска,  доцент д-р Весна Стојаноска.

Тоа е еден тим кој на некој начин ја шири мисијата на Светската асоцијација бидејќи овој центар работи под патронат и мониторинг на Интернационалниот центар за емоционална интелигенција со седиште во Колеџот Квинс во Њу Јорк . Ние сме мониторирани кога станува збор за начинот на работа. “ – вели Проф. Кеверески.

Досега Центарот има реализирано неколку вебинари во текот на изминатата година од кои последниот он лајн семинар се одржа викендов во чиј фокус беа педагози,  психолози, наставници кја кои расте интересот за тоа на кој начин да им помогнат на младите да го подигнат нивото на самоконтрола и позитивно однесување и комуницирање. Светски експерт, Проф. д-р Владимир Такшиќ од Универзитетот во Риека , кој е секретар на светската асоцијација зборуваше за емоционалната интелигенција од мит до наука со посебен акцент на тестот за емоционални компетенции кој е преведен на 50 јазици меѓу кои Проф. Кеверески го прилагоди и на Македонски јазик за наставниците во основните и средните училишта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top