Хуманитарен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа  Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси.

 |  Валентина Неловска  | 
delikatesi
delikatesi

 

Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа  Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од  родителите. Најмалите основци  срамежливо потврдуваа дека при  подготовката на деликатесите биле вклучени и тие.

delikatesiДенешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои  активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата  во заедницата кои имаат потреба од помош.

„ Целта на хуманитарната предновогодишна акција е во соработка со родителите за да искажеме хуманост на дело  од најмала возраст што денес се покажа многу успешно и им благодариме на сите родители“, вели одделенскиот  наставник Наташа Тренеска.

Наставниците кои учествуваат во организацијата на хуманитарната акција се задоволни од тоа како протече продажниот панаѓур и од одѕивот на родителите. Во акцијата учествуваа  учениците од 1 до 9 одделение. Покрај оваа акција се одвиваат и акции за собирање на стара хартија и пластика.      

Средствата кои ќе бидат собрани од  хуманитарните акции ќе бидат наменети за набавка на специјално возило за децата со посебни потреби од нашата општина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top