Хуманитарен концерт по повод Денот на пролетта

Годинава по повод Денот на пролетта, Лајонс клубот од Охрид организиара Хуманитарен концерт. Учесници ќе бидат младите музички таленти од охридската гимназија со изведби на познати песни. Тие со нетрпение го чекаат утрешниот ден, бидејќи за едни тоa е можност да си го претстават својот талент, други сметаат дека со тоа допринесуват за културата на градот но најважно од се за сите, е тоа што ќе настапуваат за хуманитарна цел.

 |  Николоска Биљана  | 

Хуманитарен концерт по повод денот на пролетта. Настанот е во организација на Лајонс Клубот од Охрид. Младите музички таленти, соло изведувачи, хорот и оркестарот на охридската гимназија деновиве неуморно се подготвуваат под менторство на професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимовски. Сите настани кои се наменети за хуманитарни цели секогаш се предизвик, велат учесниците. Тие не открија детали со што ќе се претстават, освен што потенцираа дека со нетрпение го очекуваат утрешниот ден.

Подготовките досега течат супер, неуморно работиме веќе две недели“
„Имаше денови кога работевме и по 12 часа, се смеевме, се дружевме постиравме слики, видеа на инстаграм, снап „Овој концерт за мене бидејќи прв пат настапувам е место каде што можам да си го покажам својот талент и љубовта кон музиката“
„Јас сум од економското училиште и многу ми беше мило што имавме соработка со гимназијата и навистина ми е мило што имавме дружба, нови пријателстава, искуства“. „Чуството е навистина убаво фактот дека придонесуваме за културата во нашот град со организација на овој настан навистина епрекрасно чуство“.

Младите средношколци ја поздравија иницијативата на организаторот кој го приредува хуманитарниот концерт по повод Денот на пролета. Исто така искажаа благодарност и кон нивните професори кои успеале за краток временски период да ги подготват, со цел пред охридската публика да се покажат во вистинско светло со нивниот талент.

„Голема благодарност за Лајонс Клуб Охрид што организира ваков настан кој е значаен за нашиот град и мислам дека ќе се памети“
„Сакаме да искажеме голема благодарност до професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски кои работаа со нас и не подготвија за овој настан“

Утре со почеток во 20 часот,15 солисти, хорот и оркестарот од охридската гимназија ќе бидат дел од пролетниот концерт, ветуваат добра забава, а најважно од се е тоа што очекуваат голема посетеност, бидејќи собраните средства од концертот ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Влазницата чини 100 денари а може да се купи во галерија „Букефал“, кафе бар „Шила“, Суна и на билетарата на ЦК Григор Прличев пред почетокот на самиот концерт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top