• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Христијаните се потсетија на најубавите човечки вредности мудроста, љубовта, верата и надежта

Христијаните се потсетија на најубавите човечки вредности мудроста, љубовта, верата и надежта

Верниците и жителите од туристичката населба Лагадин   го одбележаа празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж.

 |  Валентина Нелоска  | 
Sv Sofija, Vera, Nadez, Ljubov
Sv Sofija, Vera, Nadez, Ljubov

Sv Sofija, Vera, Nadez, LjubovВерниците и жителите од туристичката населба Лагадин   го одбележаа празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж. Традиционално, по дванаесети пат на овој ден во Лагадин, малиот црковен храм подигнат на овие светителки го посетија верници и луѓе кои ги носат  имињата на маченичките. Ктитор е  Љупчо Патчев, кој по повод  2000 години од христијанството, ја изгради оваа црквичка. Собраните пари од верниците Патчев секоја година ги донира за помош на болните и изнемоштените лица, и во други хуманитарни цели. Овој пат неговата намера е во близина на оваа капела да изгради камбанарија чиј звук од овој простор ќе се разлева секоја недела.Тој вели за христијаните камбанаријата е од посебна важност, таа ги потсетува и ги повикува верниците.
За значењето на овој православен ден од црковниот календар потсетува и Професор д-р  Кирил Темков. Тој потсетува на зборовите на Св. Апостол  Павле дека „што и да имаш ако љубов немаш тогаш ништо немаш“.
„ На овој датум христијаните и човештвото се потсетуваат на божјата мудрост и на најубавите човечки вредности, љубовта и надежта и почитувањето кое го даваме за себе и Бога. Љубовта може да сме ја загубиле или промашиле ама верата и надежта секогаш не носат заедно, вели Професор д-р  Темков.
Верниците го посетија малиот црковен  храм и палеа свеќи за здравје и напредок. По повод овој празник се одржа богослужба, се крена свет леб и се покрсти вода.
Во црковниот календар овој парзник е посветен на Tрите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија кои заради својата вера и убов кон Христа биел погубени. Тие живееле во првата половина на вториот век по Христа за време на владеењето на  императорот Хадријан.  Во овој период врз  христијаните биле вршени големи прогони. Таа судбина ги снашло и  Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж. Биле измачувани затоа што одбиле да принесат жртви пред идолот на Артемида. Трите сестри биле измачувани пред очите на нивната мајка,за потоа да им бидат отсечени главите. Мајката Софија ги погребала телата на своите три ќерки Љубов, Вера и Надеж и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top