ХПВ вакцината сеуште баук

Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти.

 |  Валентина Неловска  | 
bale
bale

 Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите кои даваат отпор кон вакцината против Хуман папилома вирусот кој е предизвикувач на рак на грлото на матката. Иако, вакцината е воведена од 2009 година како задолжителна за девојчињата на возраст од 12 до 14 години, досега ја примиле мал број од нив. Д-р Димитрова од досегашното искуство нагласува дека најчесто се вакцинираат девојчиња чии мајки имале негативни искуства со заболувања предизвикани од оваа вирусна инфекција. Проблем ние ХПВ вакцината која на почетокот наидуваше на поголем отпор кај родителите, но со тек на времето отпорот спласнува. Во меѓувреме родителите гледаат дека кај девојчињата кои се вакцинираа нема несакани реакции, па доаѓаат сами и бараат да се вакцинираат . Сега има бројка од околу околу 200-300 девојчина чии родители го испочитувале законската одредба. vakci

Епидемиологот, м-р sci. д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, објаснува дека малата заинтересираност за вакцината против ХПВ се должи на антикампањата кои ја водат некои матични гинеколози и лекари. Д-р Стурлакова Коровешоска нагласува дека станува збор за безбедна вакцина. Таа ги негира како неосновани некои тврдења кои кај родителите предизвикуваат страв од несакани ефекти меѓу кои се споменува и стерилитетот.

Немам коментар, стерилитет не може да предизвика бидејќи вакцината не содржи инфективен материјал, станува збор за високо квалитетна четири валентна вакцина добиена со генерички инжинеринг“.

Во охридската болница, континуирана имунизација се води од 1960 година. За високиот процент на имунизација, неодамна Диспанзерот за вакцини, доби Сребрена плакета од Здружението на охридските лекари на Денот на здравјето, 7 Април. Оваа недела пак, тече во знакот на имунизацијата.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top