Хотелиерите посакуваат на охридската ривиера гости и со подлабок џеб

За тоа се потребни повеќе услови кои велат дека одат во нагорна линија. Подолго време ја нагласуваат потребата и од изградбата на нови хотелски објекти.

 |  Валентина Неловска  | 

Субвенционирањето на државата во туризмот дава позитивни ефектки во последните 10 -тина години. Се пополнуваат сместувачките капцитети и во хотелите и во приватното сместување. Иако хотелиерите и угостителите се задоволни сепак посакуваат на охридската ривиера и гости со подлабок џеб.

„ Прилив на повисока класа на гости, но тоа зависи од околината, од хигиената, добрата патна инфраструктура, паркови и зеленило, искористување на водниот сообраќај се во насока на зголемување на бројот на квалитетните гости. Сите тие работи од година в година се подобруваат, па дури и хотелите се реновираат и подобруваат “, посочува Крсте Блажески претседателот на Хотам.

По најавите дека тур оператори од Корендон и Туј сакаат да имаат секој ден летови до Охрид ние се прашуваме дали имаме доволен број сместувачки капацитети, вели Блажески. Многу е мал бројот на новоизградени хотели иако се чувствува потребата од нови хотелски легла.

„ Секако ние како Хотам дадовме пред 10 -тина години предлог да се изработи Детален урбанистички план за целото крајбрежје. Така ќе се допринесе да нема дивоградби, палење на трска и узурпации на крајбржјето, ќе се знае кој се зони за изградба за хотели, а кој за викендици. Ќе е средено и брзо ќе се инвестира во опфатот за Охрид да стане светска, а не само локална и европска дестинација“, напоменува Блажески.

Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека за добар и здрав бизнис во нивната фела е добро на охридско – струшкото крајбрежје да има гости од повеќе дестинации , а не леглата да се продаваат само на еден туроператор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top