• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Хотелиерите не задоволни од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

На 27 април во Охрид пристигнува првиот чартер лет со холандски гости, а на охридскиот аеродром ќе пристигаат се до крајот на октомври. Од Хотам очекуваат дека и оваа Летна сезона 2013 ќе се задржи ланската бројка од  20.000  странски гости од Бенелукс. Асоцијацијата Хотам  не е задоволна од работата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, напоменува Дончо Танески претседателот на  Хотам. Нема нити еден конкретен резултат или инфорација oд одржаните  саемски манифестации. Туристичките промоции на земјава на саемите се одржуваа на полупразни штандови, со исклучок на саемите во Белград и Софија, вели Танески. Хотам има забелешки и со задоцнетите исплати на субвенциите кон странските туроператори. Од септември, лани, кога агенцијата ја презеде обврската да ги исплаќа  субвенициите кон странските туроператори  од министерството за економија, почнаа проблемите со агенциите, кои носат гости и се одразија врз бројот на странските посетители, напоменува Танески.
крајбрежје
„ Ги чувствуваме последиците од тоа. Средствата од субвенциите се наменети за да се употребат во маркетинг за привлекување на повеќе гости. Но за жал, обработката тече бавно и субвенциите се сработени за мај и јуни. Пред неколку дена обработени се од јули. Странските партнери парите не ги имаат добиено, па и помалку вложуваат. Затоа наместо 10-12 чартер летови ќе имаме само 6 кои се и потврдени“.

Танески позитивни ефекти очекува од најновата владина одлука за проширување на субвенциите за тур оператори од повеќе европски земји. Ова беше наше барање кое  владата го усвои, појаснува Танески и додава тоа е позитивно затоа што анализите покажуваат дека  странските туроператори на  една туристичка дестинација се задржуваат од 3 до 5 години.

„ Очекуваме во тек на оваа година да се направат контакти со нови партнери од овие дестинации за кои ги направиме првите чекори. Имавме преставници во Скандинавските земји на саемот, а имавме и поддршка од амбасадорот и еконоемскиот промотор во Москва“.

Во Охрид, во јуни, покрај туроператори од Скандинавија и Русија се очекува да пристигнат и украинци кои ќе ја скенираат туристичката понуда на Охрид. Тоа е резултат на остварените контакти од кои се очекува Охрид да го вклучат на нивните пазари како нова туристичка дестинација, наговестува Танески.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top