Хотелиери цврсто застанаа зад проектот на ХОТАМ

Охридските хотелиери фасцинирани од идејата за изградба на рекреативен центар на Галичица.

 |  Маленкова Татјана  | 
donco taneski
дончо танески

Иницијативата која отпочна во 2006 година на годишното собрание на ХОТАМ со поддршка на градоначалникот на Охрид, конечно продолжува понатаму. Претседателот на ХОТАМ објаснува дека постојаната комуникација со локланата самоуправа , министердтвото за танспорт и врски и секторот за туризам на РМ во врска со реализацијата на проектот изготвен во 1977 година од страна на општините ОХрид и Ресен, конечни дојде на дневен ред.

„Денеска имавма состанок со колегите бидејќи ние сме задолжени од министерството за економја до 30 proekt galicica април да се изјасниме дали стоиме зад сета досегашна преписка и дали сме подготени да влезиме во приватно јавно партнерство за реализација на проектот. Колегите со акаламација се изјавнија дека сме заеинтересирани дека комуникацијата ќе ја продлжиме натаму, затоа што регионот на Охрид, Струга и Ресен сите жители кои живеат тука на крајот на реализацијата на проектот ќе имаат бенефит“, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески.
На денешниот состанок покрај хотелиерите присуствуваа и претстевници на Кластерот за Туризам и стручни лица од областа на туризмот. Сите се категорични дека овој проект ќе биде основа туристичката сезона да се продолжи, а со тоа степенот на искористенот на капацитетите да се зголеми. Стручните лица се категорични дека бенифитите од овој зафат ќе може да ги уживаат сите граѓани инволвирани во туризмот.

„Зимските спортски активности ќе ја привлечат и онаа категорија туристи кои досега не доаѓале тука, барем во тој период на годината, да се надмине она мртвило кое се чувствува во зимските период. Илузорно е да се очекува веднаш 365 дена во година гости во Охрид, но за почеток замислете Охрид да живее со туристи за почеток во викендите“, вели проф. Д-р. Зоран Тунтев.

Портаролот на влада Мартин Мартиноски, потврдува дека владата е заинтересирана на Галичица да се гради скијачки центар. Тој во телефонскиот разговор кажа дека владата ќе ги направи сите неопходни активности за подготовка на овој проект. Додаде дека најпрво треба да се изработи мастер план, потоа усогласување на изработката на студија за влијание на животната средина и на крај да се објави меѓународен тендер, по што ќе се обезбеди инвеститор.  Ова го потвдува и Сузана Праниќ  од секторот за односи со јавност при министерството за економија, министертство преку кое треба да се реализираат активностите за овој проект.  

На состанокот на кој околу два часа се дискутираше за значаен проркт кој би се правел во рамките на НП galicica Галичица, недостасуваше присуството на првиот човек од оваа институција. Ангелоски разочаран поради тоа што за проектот за Галичичица слушнал од медиумите и што никој не ги поканил да присуствуваат на состаноците.  

Претседателот на ХОТАМ пак со свое објасување зошто Ангелоски не беше поканет на состанокот на хотелиерите.

„НП Галичица е составен дел на Владата. Ние не одиме една по една институција да ги каниме. Како што сме ги добиле инструкциите така постапуваме. Владата комуницира со нејзините институции“, вели Танески.

 Инаку техничкиот дел на пректот предвидува изградбна на до осум ски лифтови, жичара во должина од три илјади метри должни, некаде околу 12 километри скијачки патеки, изградба на еден објект од тврда градба , прифатен центар, и изградба на монтажни објекти за сервис како бачила.
Од ХОТАМ појаснуваат дека при иработката на елаборатот се водело сметка на еколошкиот апект односно заштита на живертката средина. Според првичните проценки целиот проект би чинел околу 4 до 5 милиони евра.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top