Хотам бара унифицирани цени на езерскиот превоз

На Охридското езеро просечно дневно пловат по 250 пловила. Од нив најголем  дел вршат превоз на туристи, а цените ги утврдуваат самоволно. Поради чести поплаки од туристи од хотелската асоцијација бараат да се најде начин за унифицирање на цените.  

 |  Соња Рилковска  | 

Поради чести поплаки од туристи од хотелската асоцијација бараат да се најде начин за унифицирање на цените на езерскиот превиз. Едни од најчестите поплаки на туристите се токму   од кајчарите , кои цените  ги вадат од ракав.
Од хотелската асоцијација сметаат дека мора да има унифицирани цени за секоја релација,  кои ќе бидат видно истакнати на пристаништата.
Ценовник засега имаат само големите бродови со редовна линија, додека кајчињата, чамците и катамараните не. Според капетанија на пристаништа утврдување на единствени цени по вода  е технички неизводливо.
 „Тука постои една објективна  пречка, бидејќи пловењето по вода тешко се тарифира со одредена единица. Се плови,  може да се плови и пет часа а да се помине растојание од три км може да се плови половина час а да се помине растојание  од триесет км. Тоа е толку тешко да се тарифира и донесе унифицирана единица мерка како би се тарифирала услугата  вна вода“  , вели Горан Устјаноски капетан на Капетанија на пристаништа на РМ.
Секоја сезона расте бројот на пловила кои вршат превоз на туристи. Капетанија вели дека постојано се вршат контроли за исправноста на превозните средства.
„Секое едно пловило мора да биде регистрирано технички способно за пловидба да има на себе целокупната опрема и дозволата за превоз на патници ја добиваат и по нивна регистрација во УЈП каде што ќе имаат определен надомест кон буџетот на РМ дали паушал или фискални каси.Чамците кои се над дваесет коњски сили по законот за туристичка дејност треба да бидат запишани на фирма со цел да бидат евидентирани во УЈП “, додава Устијаноски.
Според регистарот на Капетанија на Охридското езеро има околу 2200 пловни објекти , во шпиц на сезона на езерото просечно дневно  пловат по 250 пловила. Добар  дел од нив се занимаваат со превоз на туристи, а цените ги утврдуваат самоволно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top