Хорот ќе одржи целовечерен концерт

Градскиот хор ќе ги почасти охриѓани со целовечерен концерт.

 |  Маленкова Татјана  | 
hor
хор

 

„На програмата ќе бидат дела од повеќе автори, репертоарот е разновиден, меѓу охридски и староградски песни ќе испееме и дела од познатите конпозитори, како што се Стеван Гајдов, Трајко Прокопиев, а ќе пееме и дела од светската хорска литература и дела од ренесансата и популарни дела“, вели раководителот и диригент на градскиот Хор, Александар Димовски.

Мешаниот градски хор повеќе години работи во склоп на Центарот за култура. Може да се пофалиме со многу Dragana Bocevska квалитетен хор кој досега има настапувано на многу манифестации како во земјава така и во странство каде забележува многу успеси, вели директорката Драгана Боцевска.

„Оваа година прв пат имаат самостоен концерт и после ова заминува на концет во Бар на покана на хорот кој работи во Бар со кого пред две години имавме соработка. Тие беа наши гости и сега ќе ја возвратиме таа посета на 25, 26, 27 хорот ќе гостува таму. Имаме и многу планови за овој хор, тоа ни е и идејата затоа што хорот несмее да се затвора во границите на Охрид, сакаме да гостува на фестивали и надвор од земјава“, вели директорката на центарот за култура Драгана Боцевска.

Раководителот на Градскиот хор Димовски открива дека во Охрид има голем потенцијал и луѓе кои сакаат да Dragana Bocevska пеат. Тој вели дека нивниот талент треба да дојде до израз и затоа сите заинтересирани ги повикува да станат дел од  Охридскиот градски хор.  

„За овие наши планови потребно ни е засилување и во потрега сме по квалитетни гласови и вие можете да помогнете да се прошири информацијата за овој хор и отворени сме за нови членови“, вели Димовски.

Градскиот хор целовечерниот концерт кој го подготвувал подолго време ќе го одржи утревечер со почеток во 19.00 часот.  На концерт освен хорот при центарот за култура ќе настапи и гимназискиот хор но и гостинката од Албанија, Луиза Мара Рустими.

Влезот за сите љубители на хорската уметност е бесплатен.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top