Ѓурѓовден – празник на животот

Ѓурѓовден се празнува на 6 мај. Овој празник се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија а посебно припадниците на ромската заедница. Луѓето посебно на денешен ден, веруваат во магичната моќ на билките, ги собираат, пијат чаеви и веруваат дека тоа ќе им донесе здравје во текот на целата година.

 |  Николоска Биљана  | 
sv gorgi
св горги

liturgijaПравославната црква денес го празнува споменот на светиот велекомаченик Ѓеорги Победоносец. По тој повод во црквата Св. Ѓорги, Охрид утрово се служеше света божествена архиерејска литургија. Големиот црковен и народен празник посветен на Св. Ѓорги меѓу народот е познат како Ѓурѓовден. Спаѓа меѓу неподвижните празници или помеѓу празниците со постојан датум и секоја година се паѓа на 6 ти мај според новиот или на 23 април според стариот календар. Протоереј Сашо Богданоски појаснува за занчението на денот.

„Св велекомаченик Ѓорги е познат меѓу народот како познат голем светител и заштитник  на луѓето. Тој потекнува од христијанско семејство од Никомидија, роден кон крајот на третиот и почеток на четвртиот век, воспатан во христијанската вера и не liturgijaсамо воспитен туку и ја живеел христијанската вера иако бил војник кај царот Диоклецијан кој што бил еден од најжестоките гонители на христијанството и кога дошло време да ја исповеда тој јавно ја исповедал без да се плаши дека е христијанин. Така да бил изведен на страшни измачувања што можел човечкиот ум да ги измисли во тоа време. Сите тие мачења храбро машки ги поднесол Св Ѓорги, на крај во 303 год било наредено да му биде исечена главата“ – вели Протоереј Сашо.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден, вели д-р Сашо Коруноски, професор по културно наследство и актуелен декан на ФТУ. Тој нагласува дека обичаите и традицијата за Ѓурѓовден потекнувааат пред христијанството.

liturgija„Верувањата и традициите со Ѓурѓовден се поврзани со преминот од зимскли во летен циклус и со едно магично дејство спојување на природата и се смета дека денес водите, билките имаат лековито својство, всушност се она што ќе се конзумира како билка денеска или како лек ќе има дејство преку целата година. Ваквите обичаи имаат длабока содржина и водат од оние почетни стадуиуми на човековиот развој“- појаснува проф. Коруноски.

Денес именден празнуваат Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др. Освен празникот Ѓурѓовден што се празнува на 6 мај  нашиот народ празнува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни слави.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top