Грст први меѓународни награди за Миланка Новеска

Се нижат успесите на најмладиот оперски талент во Македонија – Миланка Новеска од Охрид. За само неколку месеци се закити со три први меѓународни награди.

 |  Татјана Маленкова  | 
Milanka Noveska
Миланка Новеска

Се нижат успесите на најмладиот оперски талент во Македонија – Миланка Новеска од Охрид. За само неколку месеци се закити со три први меѓународни награди. Во моментов е прва година во средното музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје и со сигурност вели дека нејзината идна професија ќе биде оперски пејач.

Нови успеси за Миланка Новеска. Охриѓанаката која  сосема лесно, без напрегнување, со чист и отворен глас на грлото уште од девет години пееше арии, сега нижи меѓународни успеси. За само неколку месеци освои три први места на меѓународни натпревари. Најпрво во Аранџеловац на меѓународниот натпревар по соло пеење.

diploma„ Се натпреварував со девојки многу поголеми од мене, затоа што во Словенија и некои делови од Србија соло пеење се изучува дури на факултет и гордост ми е што ва ваква конкуренција освоив прва меѓународна награда.  Бев и на државен натпревар по солфеш и таму освоив прва награда и сега најпоследно на државниот натпревар по соло пеење каде повторно освоив прва награда“, вели Миланка Новеска.

Сега кога Миланка сосема сигурна чекори по патот кон успехот, со задоволство се присетува на најзиниот прв посериозен настап.

„ Секако операта веќе и ја изучувам , тоа најмногу ми е во душата и најмногу ме исполнува“, вели Новеска.

Миланка е сосема сигурна во себе и категорича дека ќе оди по стапките на нејзините ментори професорката Милка Ефтимова и Борис Трајанов.

„ Првиот настап ми беше на 9 годишна воздраст со Борис Трајанов во придружба на македонската филхармонија…. “, истакнува Новеска.

Инаку нашата оперска надеж ништо не остава на случајнот. Плановите и се однапред зацртани. Во месец јули со хорот треба на настапи во Австрија, а следната година во план е да биде дел од еден од позначајните меѓународни натпревари во Херцег Нови.
Секако за сите овие натпевари Миланка да биде подготвена заслужни се нејзината професорка од средното училиште Илија Николовски Луј, Александра Коцеска, како и нејзините драги пријатели и подржувачи професорите Милка Ефтинова и Борис Трајанов, Синтезис.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top