Готвачите и хуманоста

Готвачите и хуманоста. Денес врвни гастрономи од Македонија подготвуваа специјалитети за социјално ранливата категорија граѓани.  Оваа акција ја организираа маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.

 

60 оброци зготвени од врвни кулинарски мајстори од Македонија и 40 десерти од слаткарницата Анабела денес ќе добијат социјално загрозените семејства кои се хранат во народната кујна во Охрид. Ова е дел од акцијата Готвачите и хуманоста која ја организираат маркетите Тамаро заедно со Вкусот на традицијата.

Целта на денешната акција е да готвиме со љубов и хумана димензија и да им помогниме барем за миг на оние на кои тоа им е најпотребно, рече Адријана Алачки водителката на емисијата Вкусот на традицијата.

Повеќе познати готвачи од Македонија подготвуваа различни специјалитети кои беа наменети за социјално загрозените граѓани. Тие велат дека прв пат учествуват на еден ваков настан и дека покрај сите состојки кои вообичаено ќе ги стават во јадењето тоа ќе биде зачинето и со многу љубов.

Јас ќе готвам пилешко. Тоа е едно јадење кое е моја специјалност. И моите колеги ќе готват од нивните познати специјалитети. Ние сите сме обединети во асоцијацијата Гастромак преку која учествуваме на голем број натпреваери и настани кои ја промовираат македонската кујна, вели познатиот македонски готвач Бобан Симоноски.

Јас ќе готвам свинско со моцарела. Задоволство ми е што ќе готвам за оние граѓани кои можеби никогаш не ќе имаат можност да пробаат некој ваков специјалитет. Прв пат учествувам на еден ваков настан, а сум бил на многу натпревари како на пример на последниот во Турција од каде се вратив со златен медал за подготвениот лосос, вели Бобан Билбиловски.

На настанот присуствуваа голем број граѓани кои сакаа да бидат дел од ова случување. Тие ја поздравија идеата да им се помогне на социјално загрозените сограѓани.

Тамаро маркетите како општествено одговорна фирма организираат вакви хуманитарни настани. Ова е само една форма преку која сакаме да им помогнеме на оние сограѓани кои се во незавидна економска ситуација, вели  една од вработените во маркетот 6.

Овај настан е прв од ваков тип во Македонија. Во иднина се планира да се организираат и во другите градови бидејќи многу граѓани имаат потреба од некој хуман гест и помош.

готвачите, хуманоста

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top