Поради љубовта кон фотографијата

 Големата љубов кон фотографијата на членовите го држи Фото клубот Охрид во опстанок.

 |  Валентина Неловска  | 

Фото клубот Охрид постои 18 години, а  опстанокот се должи на големата љубов кон фотографијата на неговите членови. Засега клубот брои околу 20тина членови од кои 12мина ветерани се активни и не штедат слободно  време и пари за да го негуваат организирано своето хоби. Интерес кон фотографирањето покажуваат се повеќе млади охриѓани  ама тешко одвојуваат време за активностите поврзани со работата на фото клубот, вели претседателот на клубот Димче Коруноски, еден од членовите со подолг стаж во фото клубот Охрид.

foto„ Максимално се трудиме и функционираме без разлика на сите проблеми. Љубовта кон фотографирањето на сите членови е голема, па не жалиме за изгубеното време и вложените средства.  Пред 2-3 години со помош на Локалната  самоуправа се реши еден голем проблем. Клубот со помош на нивна донација набави 50 -тина  рамки за да органзираат изложби“, посочува Коруноски.
 Еден од проблемите кои од самите почетоци го прати охридскиот Фото клуб е немање на просторија. Решавањето на овој проблем ќе значи и помасовност на фото клубот, како и поголема активност и организирање на изложби.  

„Основен проблем што и помалку млади доаѓаат во Фото клубот е  немање своја просторија, како за редовни состаноци така и да се научи повеќе за фотографијата. Иако клубот постои 18 години ние мака мачиме со просторот, бараме канцеларија каде би се одржувале состаноците. Има ветување  од ЛС па ќе видиме,“ појаснува Коруноски за функционирањето на клубот.   
 
Засега Фото клубот Охрид оргазнира по 2-3 изложби во текот на годината. Сепак преземаат активности оваа бројка да надмине барем 6 органзирани претставувања на аматерите фотографи од Охрид.
По соорганизаторството со Фото сојузот на Македонија и органзирање на изложба на 54-тите Денови на Македонските фотографи,  во јуни ги очекува нов предизвик.  Фото клубот Охрид се  очекува да биде домаќин на кружна изложба во 5 градови од поранешните ЈУ простори. Претседателот Димче  Коруноски вели дека имаат и  други планови со кои сакаат да ги засилат  активностите на клубот во иднина.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top