Годишнините од матура повод за обновување на пријателства

Безброј убави моменти, сеќавања, некогаш и денес. Сеуште млади во духот иако во средните години од животот, велат матурантите од генерација 1990 година, кои синоќа го одбележаа својот 25 годишен јубилеј. Организаторите пак, кажаа дека важна е дружбата, а годишнините од матурите се ретка ако не и единствена можност да се сретнат некогашните соученици од трите средни училишта економско, гимнација и ЕМУЦ, кои животот ги однел на разни страни.

 |  Николоска Биљана  | 

Годишнините од матура се прекрасен повод за обновување на пријателства и присетување на спомените од средношколските денови. Ако месец мај е месец на матурите, тогаш месец јуни е месецот кога се прославуваат годишнините од матурата. Еден таков повод синоќа регистираше камерата на Телевизија ТВМ, јубилејни 25 години на матурантите од генерација 1990. Марија Зимбова,која речиси секои 5 години несебично се вложува да ги собере на едно место некогашните другари од школските клупи,  вели дека ни малку не е лесно да се организираат ваквите годишнини.

„Подготовките започнаа пред месец дена. Посебни барања секако дека има во врска со исхраната, бидејќи сега се постите се бараше риба, посебни барања имаше за музика но се трудиме сето тоа да го вклопиме и да биде прославата заедничка, бидејќи сепак е 25 годишнина,  да не биде тоа прослава класови по класови туку навистина да се одржи традицијата и симболиката, да се собираме сите класови заедно“ вели Зимбова.

И по 25 години ние сеуште сме другари, лесно се пронаоѓаме со исклучок на оние што се надвор од земјава, вели Сашо Богоески еден од организаторите. Тој додаде дека потребен е само еден час за триесеттина другари од ЕМУЦ да се организираат и да се соберат на една маса.  

„Ние бевме таму малку поумните таму така да имаше доста пријатни и непријатни случки. Славевме матура 1990 год во Дојран, таму се случи што се случи беше платено три дена си отидовме утредента, така да втората, третата вечер ги славевме заедно со гимназија и економски така да поминале и убави работи и убави сеќавања, некои за жал не се меѓу нас етоима и лоши спомени, но задоволен сум од ваквите средби и дружења“ – нагласи Богоески.

Иако во средните години од животот сепак сме малди во духот, велат матурантите од генерциајта 1990. Модерната технологија односно интернетот им овозможува да останат во контакт и со другарите кои животот ги однел на разни страни во светот. Но непосредната средба на кафе и лаф муабет ништо не може да ја замени.   

„25 години од одбележувањето на матурате е една убава импознатна бројка, значи како да не, повторна средба со луѓе кои што одавна не сме се виделе, со многу се среќаваме меѓутоа голем број не се тука, се иселиле ги натерала обврската, работата, така да еден убав повод да се потсетиме да се видима на сите оние лудории што во минатото во гимназија и надвор до неа се случувале“– изјави Александар Зимбоски.

Одзивот на некогашните ученици од биотехнологија, медицина, економски, математика – информатика, текстилно, културолошки како и електромашинските струки, навистина беше голем. На терасата на ресторанот Билјанини Извори се бараше место повеќе. Музиката и амбиентот беа во една беспрекорна организација како што впрочем доликува кога се прославуваат ваквите јубилеи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top