Гимназијалците фасцинирани од Белград

Средношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gimnazija
Гимназија

GimnazijaСредношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија. Учениците од прва година од драмската секција и новинарскиот клуб презадоволни од оваа посета, со воодушевување зборуваат за впечатоците од мјуклите кои ги гледале.

Проектот за посета на театарски престави надвор од Македонија, во случајов Белгард го осмисли и реализира драмската секција под водство на професорката Ирена Бачиќ. Годинава за разлика од лани покрај членови од драмската секција на патувањето се приклучија и ченови од новинарскиот клуб со професорката Светлана Огненова.
„Интересот за патувањето беше огромен. Жал ни е што моравме да направиме селекција од пријавените затоа што бевме ограничени со бројот на децата кои можевме да ги носиме. Овој пат приоритет имаа децата од прва година“, вели професорката Светлана Огненова.

„ На ова патување ја посетивме и куќата на Иво Андриќ, бидејќи овој писател е застапен во четврта година со едно дело „Проклета авлија“ а е и нобеловец.
Децата имаа пријатна посета и на музејот Маракана, доживување беше са сите кои се навивачи на црвена звезда. Претставите не ги одбравме ние, туку гледавме она што беше на репертоар. Мјузикот „Чикаго“ ма театар на теразија и „Цимери“ во театарот Славија, мјузикл кој е направен по примерот на серијата пријатели“, вели Светлана Огненова – професор ОСУ Св Климент Охридски.

Огненова е горда на послушноста и театарската култура на стотината охриѓани кои беа на ова патување. Таа додава дека нивната заинтересираност и воодушевување се јасен показател дека на младите им недостасуваат вакви театарски збиднувања во Охрид.
Инаку не треба да на изненади доколку драмската секција при средно училиште Св. Климент Охридски подготви ваков проект за престојниот патронен празник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top