„Гете институтот“ од Скопје со вредна донација за ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев“ од „Гете институтот“ од Скопје доби вредна донација во наставни средства за поттикнување на креативната и иновативна настава по Германски јазик.

 |   | 

Културната институција на Република Германија во Македонија, „Гете Институтот“, денес на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид му подари вредна донација во наставни средства за поттикнување на креативната и иновативна настава по Германски јазик. Инаку ОУ „Григор Прличев“ е едно од трите партнер училишта на „Гете инсититутот“ во земјава, чијашто мрежа на училишта брои околу 1800 образовни субјекти.

Една од основните мисии на институтот е подобрување на квалитетот на наставата по Германски јазик во образовните установи во земјава Меѓусебната соработка се состои во нудење и одржување на онлајн обуки како и обуки во Германија за македонските просветни работници кои го предаваат германскиот јазик, а многу се вложува и во техничко опремување на кабинетите по германски јазик во македонските учлишта.

„Така да еве најновата апликација е куфер со десет Ipa-ди кои имаат апликацији за изучување на германскиот јазик, а на пат е нова донација, интерактивна дисплеј табла со многу интерактивни можности која може да се користи во наставата по Германски јазик. За учениците исто така редовно се нудат работилници и летни кампови, со цел не само да се подигне знаењето на германскиот јазик, туку и учениците да се запознаат повеќе со земјата, со Германија и нејзината култура. Меѓутоа важно ни е нам да ги подигнеме и останатите нивни вештини“ вели ордана Вугерт Бабоска -референт за образовна соработка „Гете Институт“.

Бабоска објаснува дека од голема важност е организирањето на ученичките кампови, како што беше музичкиот камп на кој ова лето учествуваа и учениците од ОУ „Григор Прличев“, како и театарскиот камп, кој пред неколку години беше организиран во земјава. Денес беше организирана еколошка работилница во ОУ „Григор Прличев“ во соработка со „Прв скопски извиднички одред“. Во работилницата учениците изработија мал еко систем, а истиот го објасни Снежана Јанковиќ од „Прв скопски извиднички одред“.

„Тоа претставува еден круг на живот, односно во тегличките треба да стават, камчиња, земја, мов, и едно растение и сето тоа да се полее со вода и да се затвори. Учениците ќе видат што е тоа еко систем и како функционира“ објасни, Снежана Јанковиќ – „Прв скопски извиднички одред“.

Во знак на десетгодишниот јубилеј кој иницијативата „Училиштата партнер на иднината“ годинава го слави, хортикултурно беше уредено и едно катче во училишниот двор. Бабоска најави дека во тек се преговорите со Министерството за образование за продолжување на еден од поважните проекти на „Гете инстутотот“ кој се спроведуваше во 12 училишта, односно „Рано изучување на германскиот јазик“. Таа е  оптимист дека истиот повторно ќе се спроведе низ училиштата во земјава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top