Германски искуства: Охрид да тежнее кон одржлив туризам

Продолжува соработката помеѓу универзитетот „Еберсвалде“ од Германија и ФТУ од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ohridsko ezero
Охридско езеро

Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата.

Ulrich Witte„Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата. 

„Јас не можам да кажам што тука треба да се прави туку само да советувам како да се делува понатаму за да не се направат истите грешки од големи европски центри кои за време на нивното развивање се затрупале со туристички објекти, туку сакам само да кажам да се заштитат овие убавини за народот да биде свесен што има и како да ги промовира понатаму.“-вели Д-р Улрих Вите-Генерален секретар на Германската фондација за заштита на природата.

FTU so EberswaldeСоработката помеѓу фондацијата за заштита на природата и универзитетот Еберсвалде со нашиот Факултет за туризам и натаму продолжува. Германците задоволни од тоа како досега се реализира нивниот заеднички проект за одржлив туризам.

„Соработката со факултетот е одлична, се се одвива навистина супер и факултетот навистина сака да развие една соработка која што ќе влијае на промените во образованието. Токму на ова место значи во Охрид, кое што е културно и природно и светско наследство е важно туризмот да се развива од аспектите на одржливиот туризам.“-рече професор д-р Хартмут Рајн од универзитетот за одржлив развој „Еберсвалде“ од Германија.

Професор д-р Јаготка Стрезоска од факултетот за туризам вели дека одржливоста е еден аспект на кој мора да се посвети внимание. Во таа насока, Факултетот за туризам планира и воведување на мастер студиска програма за одржлив туризам.

FTU odrzliv turizam„Охрид бидејќи ги има сите културни и природни богатства, сеуште мора да учи од надворешните странските организации како тие ја сочувуваат природата природните ресурси и така и понатаму и ние мораме да се движиме затоа што природата и природните ресурси не ни се дадени засекогаш ние мораме нив да ги заштитуваме.“-вели професор д-р Јаготка Стрезовска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Инаку, соработката помеѓу нашиот факултет за туризам и германскиот за одржлив развој започна во октомври 2011 година. Врз основа на таа соработка, но и на иницијатива на германската фондација за заштита на природата, се обучуваат професори, но и приватни бизнисмени и невладини организации, како би можеле стекнатото знаење за одржливиот развој и практично да го применат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top