• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески: За охридските проблеми нудиме автентични решенија, а не сувопарни текстови напишани во Белата Палата

Георгиески: За охридските проблеми нудиме автентични решенија, а не сувопарни текстови напишани во Белата Палата

Стојам гордо исправен пред охриѓани и зад секој свој збор, кажа на завршниот прес пред изборниот молк , кандидатот за Градоначалник на Охрид, Константин Георгиески.  Додаде дека не се крие зад партиски колеги,  партиски диригирани портали, медиуми и лажни профили. Ги повика граѓаните во недела, во што поголем број да излезат на гласачките места и како во првиот круг да испратат порака дека За Охрид нема враќање назад.

 |   | 

Константин Георгиески , кандидат за Градоначалник на Охрид од СДСМ на завршниот прес од кампањата пред изборниот молк кажа дека охриѓани имаа можност изминатиов период да слушнат и да видат што им се нуди за во следните две и пол години, кои се програмите, која програма е базирана на потреби и со реални планови за унапредување во сите сфери а кој  нуди, како што рече, од-збор-до-збор препишани текстови. Клучното прашање кое треба да си го одговориме сите заедно во недела е во чии раце сакаме да го препуштиме градот? Сите заедно треба да го избереме најдоброто решение за нас и нашите семејства, порача Георгиески.

„Јас и мојот тим стоиме гордо исправени пред охриѓани. За охридските потреби и проблеми нудиме автентични охридски решенија… а не сувопарни текстови напишани во Белата Палата во Скопје. За спроведување на тие решенија нудиме соодветни знаење и капацитети… а не партиски или „Штапски решенија“ како што јавно нуди противкандидатот. На охриѓани нудиме целосна транспарентност и отчетност во работењето. “ – кажа  Георгиески.
Георгиески додаде дека и за време на кампањата транспарентно одговарал на сите лични навреди и црната кампања која противкандидатот ја водел против него, како што рече, во недостиг на основни познавања за функционирањето на локалната и во недостиг на идеи. Посочи дека неговиот противкандидат не одговарил на единственото прашање кое му го поставил за време на кампањата.

„Драги мои охриѓани, пред вас стои човек таков како што е. Со сите свои доблести и мани. Тоа што го гледате, тоа го добивате. Јас не се кријам зад партиски колеги и зад партиски диригирани портали и медиуми како што тоа го прави противкандидатот. Не само што го прави туку и ми сугерира и јас тоа да го правам… Не колега Митре, јас  не се кријам зад лажни профили и наменски креирани мегафони. Јас стојам зад се што кажувам, зад се во мојата програма и зад секоја моја изјава. Јас стојам зад секој свој збор! “– потенцира Георгиески.

Георгиески ги повика граѓаните во недела да излезат на гласачките места во што поголем број и како и во првиот круг да испратат порака дека за Охрид нема враќање назад.  Ништо не се случува само од себе, подобрувањето и среќата треба да си ги заслужиме и одработиме, порача Константин Георгиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top