• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески: Акцијата продолжува, нема селективност во уривањето дивоградби на плажите

Георгиески: Акцијата продолжува, нема селективност во уривањето дивоградби на плажите

До средината на јуни ќе заврши уривањето на дивоградбите на охридските плажи

 |  Соња Рилковска  | 

До средината на јуни ќе заврши уривањето на дивоградбите на охридските плажи
Продолжува уривањето на дивоградбите на брегот на Охридското езеро. И Македонија пат  се вклучува во акцијата.  Со одлука на Владата, јавното претпијатие  задолжено е  да ја стави својата механизација на располагање на општина Охрид за отстранување на дивоизградените објекти и уредување на плажите на брегот на езерото.
Општината обезбеди дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите и се очекува тие да бидат комплетно исчистени до средината на јуни.

„Нема селективно уредување на дивоградбите. Одиме по соодветна утврдена динамика сите плажи на кои им се истечени договорите за концесија  ќе бидат отстранет. Сите плажи односно објекти на плажите кои во минатото биле издавани со концесиски договори,  сите се изминати и имаат добиено решенија  за отстранување и никој од нив ова лето не смее да продолжи да обавува  дејност,  затоа шпто едноставно тоа е узуршпација на државна земја и стекнување на противправна имотна корист и ние како општина тоа  нема да го дозволиме“, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Швајцарската амбасадорка повика надлежните доследно да ги спроведат препораките на Унеско за Охрид да остане на листата Светско природно и културно наследство.

„Охрид е дијамант на Баланот, толку убав град со извонредна природа култура и историја. Вие треба се да направите  и да ги спроведете прпеораките на Унеско. Не сум запознаена со детали,  кои чекори треба да се преземат,  но сесрдно препорачувам да се следат  комплетно препораките на Унеско“, вели Сибил Зутер Техада амбасадорката на Швајцарија во земјава.

Според Невладиниот сектор во Охрид има околу  20 000 дивоградби, кои чекаат легализација. Градоначалникот тврди дека бројот е помал, но законот за легализација кој не го потпиша претседателот Пендароски, не менува ништо бидејќи не се однесува на  Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top