ГДУ: Време е ДУИ да ја пратиме во опозиција!

Пратениците на ГДУ во новото македонско собрание, нема да поддржат Влада во која еден од коалиционите партнери би била ДУИ.  Од Граѓанско демократската унија сметаат дека конечно е дојдено времето да се испрати во опозиција партијата која има најдолг стаж како партиципиент во власта од самото основање на државата, која е, како што велат, верен партнер и послушник на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и учесник во сите ретроградни процеси за разнебитување на правната држава, правосудството и системот во целост.

 |   | 

Пратениците на ГДУ во новото македонско собрание, нема да поддржат Влада во која еден од коалиционите партнери би била ДУИ.  Од Граѓанско демократската унија сметаат дека конечно е дојдено времето да се испрати во опозиција партијата која има најдолг стаж како партиципиент во власта од самото основање на државата, која е, како што велат, верен партнер и послушник на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и учесник во сите ретроградни процеси за разнебитување на правната држава, правосудството и системот во целост. Од ГДУ ги повикуваат  сите други политички партии кои и мислат добро на  државата, без разлика на кој етнички изборен електорат се обраќаат – да се придружат на повикот за праќање на ДУИ во опозициј.
„Идејата на Али Ахмети е очаен обид на етничка карта да ги искористи гласачите за последен пат да го одржат на власт. Ова е обид за “достојно пензионирање” на Ахмети, чие време на политичката сцена заврши. Наместо да понудат промена на својата структура, нови прогресивни идеи и проекти за иднината на Македонија, за Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Египќаните, Србите и сите останати кои живеат тука, тие се враќаат на националистички реторики со уцени и спотови кои презентираат кадри од конфликтот и тоа темно време за земјата сакаат подмолно да го злоупотребат за политички поени.  Затоа, уште еднаш сакам да потенцирам и да им порачам на сите останати партии – ГДУ нема да прифати владина коалиција со ДУИ, зашто е дел од најголемите криминалните и коруптивни активности во последните 20-тина години кои беа на штета на секој граѓанин на Македонија.“ – вели Даниел Јорданоски, носител на ГДУ во Изборната единица 5.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top