Фотографиите од добротворната изложба ги маѓепсаа посетителите

Љубители на уметноста, добронамерници, случајни посетители, секој со свој придонес во добротворната изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“.

 |  Мишел Наумоски  | 
dobrotvorna sliki
добротворна слики

Кога се работи за најмладите, веројатно нема срце што не сака да помогне. Тоа недвосмислено го докажа вчерашната добротворна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“. Советници во општината, директори на јавни претпријатија, сопственици на приватни бизниси, иако различни, во суштина сепак слични. Сите се собраа на едно место , со заедничка цел, да го дадат својот придонес во обезбедувањето на иднината на најмладите. Имаа на располагање избор од 47 фотографии со мотиви од Охрид во кои главен актер беше цвеќето. Беа воодушевени од сите фотографии, но секој си одбра и купи своја, воедно, помагајќи во акцијата за опремување на детската градинка „Јасна Ристеска“. Еве што и зошто одбраа.

izlozba fotografii„Јас уште кога влегов овде, веднаш ја избрав мојата слика, ова е таа слика со која сакам како сите други да придонесам во хуманитарната акција за градинката „Јасна Ристеска“ и за се друго што се одржува во градот.“-вели Муамер Доко-Директор на ОУ „Братство Единство“.

„Ја одбрав баш сликата со Св.Наум, ја одбрав од една посебна причина што учествував во изградбата на овој споменик и одма се одлучив за него и со тоа сакав да дадам допринос во самата детска градинка „Јасна Ристеска“.-рече Драган Пандески-Координатор на ЈП „Градски гробишта“.

„Овие средства по мое добиваат добра намена и вакви акции треба што повеќе да се организираат. Сепак тоа е за најмалите наши членови во семејството, така да мислам дека вакви хуманитарни работи треба што почесто да се организираат.“-смета Љупчо Настоски-Советник во општина Охрид.

fotografii dobrotvorna„Во секој случај одат на вистинско место. Средствата како што знаете се наменети за купување на опрема за градинката „Јасна Ристеска“, да се израдуваат малку децата.“-изјави Душко Јаковчески-Претседател на Советот на општина Охрид.

„Кога се работи за деца, мислам дека одат на вистинско место, се работи за средства кои ќе бидат наменети за детската градинка „Јасна Ристеска“ и директно се наменети за подобрување на условите за престој на децата. Никогаш не се доста вакви донации, има и други ранливи категории каде што треба да се донира, меѓутоа со ваков почеток може да се иницира понатаму и друга ваква вечер каде што ќе се донираат средства.“-вели Јоне Станкоски-Советник во општина Охрид.

dobrotvorna izlozbaСашо Алче, еден од организаторите на оваа добротворна изложба, вели според посетеноста можам да кажам дека акцијата е успешна и сигурно дека ќе ја продолжиме и наредната година. Но еве од каде потекнала идејата.

„Идејата е уште од порано значи, од почетокот на проектот „Охрид, град на цвеќето“, кога Петар Боев почна со неговиот објектив да ги забележува сите наши активности. Па си зададовме една задача на крај на сезоната да организираме една изложба, која ќе биде од хуман карактер. Размислувавме како да се насочат тие средства и одлучивме ете да бидат подарени, во зависност од потребите на градинката „Јасна Ристеска“ како донација.“-рече Алче.

Опремата која ќе биде набавена со собраните средства од оваа изложба ќе биде доставена во детската градинка на 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, кој воедно е и патронен празник на градинката „Јасна Ристеска“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top