Фејзо Шемо-единствен ром-државен службеник во Охрид

Од отворен конкурс, преку стратегиите на Декадата на ромите, до вработување.

 |  Мишел Наумоски  | 
Fejzo Shemo-DZS
Фејзо Шемо-ДЗС

Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество.

Direkcija za zastita i spasuvanjeБлагодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Малку повеќе од жалосно е тоа што јас сум единствениот државен службеник од ромска националност во Охрид. Многу е тешко, меѓутоа ете пак ќе речам преку тој Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, но и преку Декадата на ромите, значи и Декадата на ромите тука има големо влијание.“-вели  Фејзо Шемо од Државната дирекција за заштита и спасување-Охрид.

Шемо појаснува дека вработувањето на ромите е една од стратешките определби кои стојат во  десетгодишната програма за претседателство со Декадата за вклучување на ромите. Работниот ден на Шемо започнува во 08 часот и 30 минути. Тој секојдневно, заедно со своите колеги работи на ажурирање на единиците за заштита и спасување.

Shemo-pomlad referent„Од колегиве добро бев примен затоа што ние сме мал град тука, Охрид е мал град, се знаеме повеќето од по чаршија што се вели и можам да кажам дека одлично бев примен. Ми помагаа за да стигнам до онаму до каде што треба да стигнам. Така да немав никаков проблем и ден-денес функционираме одлично.“-рече Шемо.

Шемо вели дека иако интеграцијата на ромите во општеството оди тешко, сепак се забележува голем прогрес. Тој смета дека оваа интеграција уште позабрзано ќе се случува, доколку ромите разберат дека образованието е клучот до успехот. По завршувањето на основното и средното образование кои се пропишани со закон, Шемо вели задолжително мора да се продолжи на факултет.

„Ромската заедница овде во Охрид има недостаток на кадар, на стручен кадар, односно на образовани деца. Ако тоа до пред десет години беше проблем, сега веќе не е проблем, затоа што имаме можеби 10-15 деца што завршиле факултет. Проблемот е како државата да помогне тие деца да се интегрираат во општеството односно да и се помогне на оваа заедница во Охрид да се интегрира онака како што треба.“-изјави Шемо.

Инаку во Декадата на ромите активно учество имаат дванаесет земји, меѓу кои и Македонија, која во периодот од 1 Јули 2011 до 30 Јуни годинава имаше можност да претседава со Декадата на ромите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top