Ева Рас очекува улога во македонски филм

Познатата српска актерка Ева Рас, не се откажува од глумата. Покрај тоа што како актерка веќе била  ангажирана во Србија, нејзина желба е да сорабутува со македонските прдуценти и да настапи на нашата сцена.

 |  Билјана Николоска  | 
Eva Ras
Ева Рас

„Јас сум била и останувам актерка до крај на животот. Со распаѓањето на Југославија ништо не е како порано. Посебно на полето на драмската уметност“. Ова е дел од исповеста на познатата српска актерка Ева Марија Балаш – Стевиќ, вистинсакото име на Ева Рас. Познатата српска глумица Рас, пред камерата на ТВМ сигурна во себе изјави, дека и покрај годините што ги има, таа не се откажува од глумата и сеуште очекува предизвици на драмското поле.

„Фала му на Господ се е в ред. Синиша Павиќ пишува улоги и за стари жени какао што сум јас, така да во Бела лаѓа имав фантастична улога, но јас незнам дали во Македонија се гледаат нашите серии. Некои се гледани некои не. Така да нема предавање сеуште работам“.

Рас, неможе да си прости што познатиот режисер Милчо Манчески не ја ангажирал во филмот „Сенки“. Рас смета оти таа лично била адекватната личност за улогата на бабата во филмот. Но, верува дека сепак постои можност за ангажман во Македонија, бидејќи на повидок веќе била соработка со македонски продуцент.

„Со Антонио Митриќески се договарам веќе 4 години, но финансиите на балканот се многу лоши. Но бидејќи сеуште не сме го снимале филмот тоа не значи и дека нема да го снимаме. Имате прекрасни режисери талентирани луѓе, што сеуште вистински верувам дека ќе играм во некој македонски филм“.

Српската актерка Рас деновиве беше во посета на Струга, како гостин на меѓународната манифестација „Година на есејот“. Инаку Рас покрај со актерството се занимава со сликарство и пишување. Родена е во Суботица 1 ви јануари 1941. Добитничка е на многу филмски награди не само во Србија туку и во странство. Минатата година учествуваше на реалното шоу „Фарма“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top