ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ утре го одбележува патронатот

ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ утре го одбележува патронатот.

 |  Валентина Неловска  | 
emuc
emuc

Општинското средно училиште, ЕМУЦ „Св Наум Охридски“  утре ќе го одбележи патронатот. Во аулата на училиштето ќе се одржи свечена култруно-забавна  програма подготвена од средношколците и нивните наставници. Директорот на ЕМУЦ, Јане Цаноски е задоволен од применувањето на бројни активности со кои се подобрува работењето на оваа образовна институција. Меѓу активностите ставен е акцент на подбрување на редовноста на учениците и намалување на зачестените изостаноци од настава, напоменува Цаноски.
emuc
„ Направивме анализа за организирање на одморите во текот на наставата. На вториот одмор го зголемивме времетраењето за да може учениците непречено да доручкуваат и да не доцнат на третиот час. Тогаш имавме и најголеми зголемувања на бројот на изостаноците, сега  има подобрување во оваа насока.“

За да се намали појавата на неоправдани  изостаноци во наставата училиштето работи и на подобрување на комуникацијата помеѓу наставниците, класните раководители и родителите. Се повикуваме и на  законските одредби советување со родителите на недисциплинираните ученици и оние кои неоправдано изостануваат од настава, укажува Цаноски. Постојано се внимава и на едукација на наставниот кадар, додава Цаноски.
„ Веруваме дека подигањето на квалитетот на наставата е цел на секое училиште па и на нашето. Во годинешната програма ова ние примарна цел. Тоа ќе го направиме со редовна активност на професионално усовршување на наставниот кадар. Во таа насока организиравме три обуки за наставничкиот кадар од училиштето“.

На утрешната свечност на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе  бидат презентирани активностите на учениците и нивните изработки. Доделени ќе бидат наградите од ликовно-литературниот конкурс објавен во училиштето. Првите награди им припаднаа на учениците Марио Пердулоски од прв клас за ликовниот конкурс,  а  Александар  Митески од 4 година е добитник на првата награда за литературниот конкурс. Училиштето ќе додели награди и за наставниците за нивната долгогодишна посветеност во работата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top