• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „ Екотим“ бара соработка со граѓаните во термините кога ќе се изведуваат работи инсталирање цевка во цевка

„ Екотим“ бара соработка со граѓаните во термините кога ќе се изведуваат работи инсталирање цевка во цевка

Продолжува втората фаза со методата полиестерски цевки и чистење на секундарната канализација. Со обложување на цевководот ќе се продолжи трајноста и ефикасноста на колекторскиот систем.

 |  Валентина Неловска  | 

Фирмата Еко тим која работи на санација на колекторскиот сиситем бара од граѓаните иинстиутциите соработка при изведување на градежните зафати. Во периодот кој престои, ќе почне изведување на методата инсталирање цевка во цевка. При процесот ќе мора да се прават бај пасови со кои краткотрајно ќе се наруши сообраќајниот режим посебно кај Лагадин и Далјан. Исто така, при процесот на работа во цевките нетреба да има допир со други материи кои би направиле проблем при обложувањето на цевководот. Од Еко тим замолуваат граѓаните во одреден период од денот за кој ќе бидат информирани преку медиумите да го сведат на минимум испшуштањето на води во канализациониот систем. Тоа не значи да не се користи канализацискиот систем туку да се воздржат од активности кои може да ги направат во друг дел од денот како што се на пр. перење или туширање, Владимир Алексијески дир на ДЈП „Колектор“.

Неверувам дека повеќе од 4 -5 дена ќе бидат зафатите по одредени реони каде што ќе се навлекуваат цевките. Повторно ќе кажам тоа не значи дека во целост ќе се ислучи канализациониот систем туку да се намалат сите непотребни испуштања на вода во канализациските системи.“

Станува збор за обложување на оштетниот цековод со внесување на полиестерски цевки кој ќе се врши без копање, а ќе се заштити колекторскиот цевковод. При тој зафат Алексијески  напоменува дека граѓаните ќе мора да применат и една друга мерка за да се заштитат од непријатна миризба.

Во соработка со граѓаните препорака е домашните сифони да ги наполнат со вода за да нема ширење на непријатна миризба од канализациската мрежа. Миризбата не е штетана по здравјето но е непријатна. Ќе се чисти талогот во секундарната канализација која досега никогаш не бил исчистен“.

Со санацијата на колекторскиот систем и примената на методата цевка во цевка ќе се продолжи за 15 до 20 години нормалната функција на колекторскиот систем. Ќе се затворат пукнатините на цевководот и ќе се спречи влегување на корења од вегетација и подзмени води кои дополнително го оптоваруваа системот. Во Охрид и Струга ќе бидат заменти 3 км цевковод со поставување на нови полиестерски цевки, а работите се очекува да завршат до месец мај. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top