Екипите на Брза помош се соочуваат со проблеми

Медицинските екипи од Брза помош и понатаму се соочуваат со стари проблеми кои делуваат врз брзината на интервенциите. Се попречува влезот и излезот на возилата паркирани на бесплатниот паркинг во кругот на дворот. Екипите се судираат и со проблем при движењето на амбулантните возила низ охридските улици кога многу често возачите не им даваат предност.

 |   | 

Охридската итна медицинска помош се соочува со години со стари проблеми кои влијаат на брзината на интревенциите. Се попречува влезот и излезот на амбулантните возила во кругот на Маларична од паркирани автомобили на бесплатниот паркинг. Возачите кои го користат паркингот гледаат само да најдат место за да ги паркираат возилата, а при тоа не размислуваат дека ја попречуваат работата на медицинските екипи.

Овој паркинг го користат посебно туристите кои дознаа дека е бесплатен. Интервениравме неколку пати до сообраќајната полиција во изминатиов период, информира раководителката на службата, д-р Љупка Николоска.  

Многу тешко влегуваме и излегуваме.На помош ни доаѓаат луѓето од сообраќајната полиција, но за жал не наоѓаме разбирање кај народот. Потребно ние во одреден момент без пречки да излеземе и да се вратиме во амбулантата – истакна Николоска.

Ваквата блокада на паркингот трае со години, а нискиот степен на сообраќајната култура на возачите се гледа и на охридските улици. Д-р Николоска напоменува дека нивните екипи се судираат многу често и со проблем на давање предност на амбулантните возила на улица.

Има секакви случаи некогаш возилата поминуваат без проблем некогаш имаме проблеми. Поготово сега кога е преполн градот со туристи – додава Николоска. 

Брзината на интервенцијата на итната медицинска помош не ја попречуваат само несовесните возачи туку тоа го прават и пациентите. Многу од нив наместо да се јават кај своите матични лекари доаѓаат во амбулантата на Брза помош. Пациентите знаат дека тука ќе добијат лекарска помош и не размислуваат дека ја попречуваат службата која интервенира во итни случаи за спасување на човечки животи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top