Екипи од ЈП „Нискоградба“ денес ќе го вадат потонатиот брод „Мис Стон“

Тој ќе биде однесен на просторот кој сега го користи Хидробиолошкиот завод, а за понатамошната негова судбина ќе има соодветна процедура со сопственикот и со сите други надлежни институции. Роднини на сопственикот на бродот тврдат дека тој потонал поради несовесно однесување на поединци.

 |   | 

Ќе се вади потонатиот брод „Мис Стон“. Екипи од ЈП Нискоградба ќе го извадат бродот, ќе ја исцрпат водата со помош на пумпи и ќе го однесат на просторот кој сега го користи Хидробиолошкиот завод.

„За понатамошната негова судбина ќе има соодветна процедура со сопственикот и со сите други надлежни институции кои треба да го решат овај случај“, вели Томе Џамтоски- портпарол на Локланата самоуправа.

Од Локаланата велат дека еднаш за секогаш треба да се најде решение за сите пловни објекти кои се стационирани во каналот посебно за оние кои се веќе руинирани и не се во возна состојба. Сопственикот на Мис Стон се наоѓа во странство па бродот повеќе од една деценија не се возел.

„Бротчето без знаење на братучед ми го имаат тргано и при тоа го имаат оштетено и затоа ова се случи. Ни направија голема штета и сега кој е виновен, кој ќе ни плати за бродот“, вели Љутви Калики, братучед на сопственикот на „Мис Стон“.

Љутви објаснува дека бродот во каналот бил веќе 15 години и дека само поради несовесност на поединци се случи оваа незгода. Инаку од охридската капетанија и од надлежниот инспекторат најавија соодветна пријава против сопственикот на бродот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top