Египќаните на протест

Утре египќаните од Охрид, ќе протестираат поради тоа што се чувствуваат дискриминирани во Р. Македонија. Оваа реакција следува поради нивна незастапеност во Државната пописна комисија.

 |  Билјана Николовска  | 
rubin zemon
Рубин Земон

Апсолутна дискриминација. Египќаните не отстапуваат од своето барање, нивна застапеност во пописната комисија за престојниот пописен процес, кој треба да се случи април годинава. Рубин Земон, претседателот на Сојузот на балканските Египќани рече дека египќаните секогаш биле лојални граѓани на Р. Македонија и го дале својот конструктивен придонес во градењето на македонското општество. Земон кажа што досега презеле кај високите државни институции за да се согледаат нивните барања.

Сојузот на балканските Египќани, Здружението на египќани на Македонија и Здружението за мултикултурна соработка „Инклузија“, утре во знак на револт поради игнорнтскиот однос на Државната пописна комисија ќе протестираат.

Тие бараат доколку се се најде слух за нивните укажувања, надлежните да ги исклучат и од државните давачки, да не плаќаат никаков придонес и данок на Р. Македонија.

Земон за утре очекува голем одзив на египќаните не само од Охрид, туку и пошироко од сите граѓани воопшто. Тој упати апел и до градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, како претставник на сите граѓани на општината, да преземе иницијатива за легализација и заштита на правата на заедницата на египќаните со нивно учество и застапеност во јавниот живот.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top