zem

Египќаните бараат јавно извинување од Мартин Протуѓер

zemГи повикуваме Мартин Протуѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ,  да јавно им се извини на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет.

Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија,  коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени од страна на СДСМ во Охрид на 16.04.2015 година.

zemНепочитување на етничкиот идентитет на припадниците за заедницата на Египќаните во Охрид и Македонија, претставува грубо кршење на Уставот на Република Македонија, како и на универзалните човекови права, и меѓународните стандради за заштита на националните малцинства. Со овие објавени материјали уште еднаш се потврдува политичката и општествената аномалија, предрасуда и стереотип во Македонија, дека припадниците на заедницата на Египќаните се граѓани од втор или трет ред, кои не треба да уживаат никакви граѓански права и треба да бидат само брутално инструментализирани на изборните денови.

Ги повикуваме Мартин Протуѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ,  да јавно им се извини на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет, како и за обидот за поттикнување на расна и етничка нетрперливост кон припадниците на заедницата на Египќаните.

Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, културата, човечките и малцинските права за заедницата на Балканските Египќани во Македонија, ќе ја разгедат и можноста за барање на кривична и граѓанска одговорност од лицето Мартин Протуѓер. Исто така, релевантините меѓународни институции и механизми за заштита на човековите и малциските права ќе бидат информирани за овој случај.

{loadposition content9}

балканските, бидат, ВМРО, Дпмне, Египќани, египќаните, заедницата, заштита, идентитет, идентитетот, јавно, кои, Македонија, малцинските, Мартин, непочитување, права, припадниците, протуѓер, страна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top