Едукација на децата за справување со дрогата треба да се започне уште во градинките

Децата се почесто жртви на дрогата и останатите наркотични супстанции. Здравствените работници кои се занимаваат со оваа проблематика сугерираат што повеќе да се обрне внимание на превенцијата. Велат дека со едукација на децата треба да се започне уште во градинките.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја нудат и кои сакаат да ги вовлечат во тој маѓепсан круг.

Превенцијата од злоупотреба на супстанции според мене треба да биде на малку поинаков начин. Ние треба да работиме на изградување на карактерот на децата од многу рана возраст. Треба да се оспооби индивидуата да кажи не, а тоа е долга и макотрпна работа и треба да почни уште во детската градинка, вели Д-р Лаброска.

Флаерите и едукацијата во поодминати години не раѓа толку плод колку што има ефект работата на карактерот и на навиките на децата кои подоцна стануваат возрасни личности, објаснува докторката. Таа кажува дека и соработката со педагошката и психолошката служба во училиштата и тоа како е важна во справувањето со овај се поактуелен проблем.

Секако се ангажирани но секогаш треба поголема соработка и поголемо внимание. На пример во едно основно училиште јас држев едно интерактивно предавање, но тоа беше резултат на некоја моја лична соработка со училиштето, а не нешто организирано на повисоко ниво, вели Д-р Лаброска.

Превенцијата не само што е покорисна туку е и многу поевтина. Затоа развиените земји многу внимание посветуваат на овој сегмент во борбата против дрогата. Кога едно лице веќе ќе дојде во фаза кога му е потребна помош и лекување тогаш и трошоците се поголеми, а резултатот неизвесен. Лаброска кажува дека во дневниот центар за превенција и третман на болести на зависност од дрога каде таа работи веќе дваесеттина години, секојдневно има и по педесетина пациенти од Охрид и околината кои се на метадонска терапија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top