• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Додека едните критикуваат, а другите се фалат граѓаните не можат да сврзат крај со крај во месецот

Додека едните критикуваат, а другите се фалат граѓаните не можат да сврзат крај со крај во месецот

Социјал демократите обвинуваат дека Владата на Груевски го занемарува економскиот развој на државава.Владата од друга страна се фали дека за овие 100 дена од нејзиното конституирање направила многу.

 |  Лионела Јаковлева  | 
kolonijal
колонијал

Социјал демократите обвинуваат дека Владата на Груевски го занемарува економскиот развој на државава. Потенцираат дека граѓаните на Македонија ги очекуваат уште потешки времиња. Зголемување на цените на прехранбените производи и на електричната енергија се само дел од нив. Изјавата на Министерот за економија Трајко Славески дека во државата има дефлација ја оценуваат како многу негативна. Објаснуваат – економски гледано дефлацијата е погубна за една држава. Тоа значи дека во земјава има производи но граѓаните немаат куповна моќ. Зоран Заев ВД претседателот на Сдсм, вели дека тие и понатаму ќе и предочуваат на владата дека економијате е основа за успешноста на една држава.

sediste vladaВладата од друга страна се фали дека за овие 100 дена од нејзиното конституирање направила многу. Овозможила раст  на индустриското призводство од 15,7 проценти, ја зголемила платата на јавната администрација за 10 процнти со што  дошло до зголемување на платите во приватниот сектор за речиси 9 проценти. Кон крајот на годината очекуваат  раст на бруто производот за повќе од 5 проценети, вели Министерот за одбрана, Зоран Конјановси.

Додека едните критикуваат, а другите се фалат останува фактот дека граѓаните не можат да сврзат крај со крај во месецот. Според последните податоци просечната плата во Македонија е речиси 15 000 а прехрамбената кошница е 12 000. Значи на граѓаните им остануват само 3000 за останатите трошоци како што се сметките за струја, вода телефон и останатиоте  давачки.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top