ЕДЕН: Охриѓани сакаат институциите да се грижат за заштита на природата

ЕДЕН: Охриѓани сакаат институциите да се грижат за заштита на природата.

 |  Валентина Неловска  | 

Од Здружението Еден остварија средба со охриѓани, институции и невладиниот сектор во рамките на завршниот настан на проектот “Заштита на природата во НП Галичица ,бајка или реалност“. Од здружението за заштита на животната средина ги презентираа резулатите од нивните спроведени истражувања. Истражувањата ги опфатиле е анализите на домашната и меѓународна правна  регулатива за НП Галичица и анкетното истражување спроведено на 300 охриѓани, институции и невладиниот сектор, информира Драгана Велковска од здружението ЕДЕН.

„Граѓаните не сакаат масовен туризам во Охрид, сакаат да се заштити Студенчишкото Блато, сметаат дека не е соодветна урбанистичката одлука на иснтитуциите да се зголеми катноста на објектите в долж кејот. Нормално и НП Галичица мора да остане заштитен и да се унапредува, како дел од природното богатство со кое располагаме и не смееме да го уништиме“, наведува Велковска.

Од здружението Еден се надеваат дека Унеско ќе издејствува институциите да сфатат дека не смееме да го изгубиме Охрид како дел од светското културно и природно наследство заштитено под Унеско. Доколку институциите продолжат и не се откажат од своите штетни проекти кои не се во корелација со критеруимите на Унеско, кои се децидни и се закана Охрид да се најде на листата на загрозени подрачја, Велковска вели има механизми со кои граѓаните може да ги бараат своите права.

„ Имаме должност да си ги бараме правата на секој можен начин. Ние сме тие кои ги плаќаме институциите и тие треба да работат за нас и да постапуваат. Не смеат да не ја спроведат волјата на граѓаните бидејќи не претставуваат нас“, укажува Велковска.

На денешната средба со здружението Еден беа присутни граѓани, невладини организации и претставници на институции. Но на средбата и овој пат немаше претставници од НП Галичица, посочува Велковска. Таа не знае од каде произлегува нивната незаинтересираност, но кажува дека ги немало ни на обуката на проектот кој го споведувала ЕУ во партнерство со нашата Влада на прогласување „Натура 2000 подрачја“ кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top