• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Државниот инспекторат за животна средина започна истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарско езеро

Државниот инспекторат за животна средина започна истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарско езеро

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше доставена информација од страна на полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која што предизвика угинување на жив свет во езерото.

 |   | 

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше доставена информација од страна на полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која што предизвика угинување на жив свет во езерото.

Со цел навремено обезбедување доказен материјал, инспекторот даде насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, беше спроведено во текот на денот.

На 22-ри март инспекторот беше на терен со Началникот на одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар.

Јавното обвинителство итно ќе издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето.

За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 – “Загадување на животната средина и природата“ предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години, или парична казна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top