• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Државата нема пари за патувањето на математичарите на Светската Олимпијада во Колумбија

Државата нема пари за патувањето на математичарите на Светската Олимпијада во Колумбија

Државата нема пари за патувањето на математичарите на Светската Олимпијада во Колумбија.

 |  Валентина Неловска  | 
gruncevski
gruncevski

17 годишниот охридски, средношколец Никола Грунчевски е најмладиот член на македонската репрезентација на математичари. Грунчевски за една недела со репрезентацијата  треба да отпатува на светската Олимпијада во Колумбија, Латинска Америка. Трошоците за патувањето и визата се во висина од околу 2000 евра и треба да ги покрие неговото семејство.  Грунчевски  штотуку се врати од натпреварот на Балканската Олимпијада во Кипар и тоа со бронзена медалја каде што се натпреваруваше под боите на македонското знаме, но без финасиска поддршка од државата. Никола и неговото семејство се обратиле за помош до  институците  но добиле само честитки за неговите успеси пропратено  со одговор дека за патувањето во Колумбија нема пари. Досега не се обратиле до Локалната самоуправа, но голема надеж им е општината да има слух за овој вреден и талентиран средношколец.
gruncevski
„ Се обративме безупсешно до неколку државни институции. Се надевам дека некој ќе ме помогне и ќе финансира за финасискиот товар д ане падне на товар на моите родители повторно. Разочран сум родителите треба да ги покриваат трошоците и с ечувствувам како товар. Сами работиме без помош на државата, напорно е  и не е лесно“, кажува Грунчевски.

Никола Грунчевски  бил првенец на генерацијата во ОУ „ Христо Узунов“, а освоените бројни награди и први места на општински и државни натпревари по математика му обезбедиле бесплатен  упис во приватната гимназија „Јахија Кемал“. Неговата вонсериска дарба и трудољубивост по математиката во изминатата школска година резултирала со Прво место на државниот натпревар по математика, Златна медалја на Македонската Олимпијада, прва награда на Меѓународен натпревар Кенгур 2013 . За прв пат, од 28 јуни до 3 јули, учествувал и на меѓународниот натревар во Кипар, на Балканската Олимпијада. Во конкуренција од 10 Балкански земји и 6 европски земји, Грунчевски се врати дома со бронзена медалја.

„ Единствено Македонската репрезентација немаше покриени трошкови. Останатите држави им ги има покриено сите патни трошоци. Исто така имаат органзирани припреми и кампови, а ние немаме ништо.“

Никола Грунчевски на 18 јули треба да отпатува на Светската Олимпијада по математика во Колумбија, а во меѓувреме без помош на државата се подготвува самостојно. Верува во своето знаење и квалитети и се надева на уште еден успех. Покрај него во македонската математичка репрезентација ќе патуваат уште 5-мина средношколци, а ќе бидат придружувани од двајца претставници од Сојузот на математичари на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top