Драма во кајакарскиот клуб во Струга

Драма во кајакарскиот клуб во Струга, сместен во само една камионска приколка на Женска плажа.

 |  Соња Рилковска  | 

Драма во кајакарскиот клуб во Струга, сместен во само една камионска приколка на Женска плажа.

Со часови кавги, расправии и турканици. Под силно полициско обезбедување, инспектори, адвокати, пајак камион и багер општината утрово започна со отстранување времениот објект на клубот „Црн Дрим“ ,а кајакарите го бранеа со жив штит.Се качуваа на багерите , полицијата ги туркаше. На крајот се качија на камионската приколка , за да не може да ја отстранат.

Од сите дивоградби на крајбрежието на општинските власти им смета само клубот, вели тренерот., кој појаснува дека поднеле барање за локација , но не им одговарале.

Ова е атак на сппортот ние дојдовме со една обична приколка да сметаме а се бавиме со спорт не со шоу бизнис, додека цело Охридско езеро е бетонирано. Ова е срам“,вели Игор Малески тренер на Кајакрски клуб Црн Дрим.

Во кајакарскиот клуб тренираат четириесеттина млади и докажани кајакари, двајца од нив се подготвуваат за Олимпијада. Спортистите велат ова е напад на спортот во државата.

Доколку не отстранат ние нема да имаме каде да тренираме едноставно ќе се повлечиме од спортот јас сум бил на многу светски и европски натпревари ова е срамота од општина Струга, срам за спортот ке го уништат кајакот во Mакедонија“, вели Никола Малески кајакар.

Полицијата ги туркаше и ги убедуваше да се тргнат. Вработените во приватната фирма која го отстанува објектот се караа со спортистите, а упатија закани и кон новинарите.

Општинскиот инспектор кој беше на лице место вели дека има решение за отстранување на објектот.

Објектот е ппоствen без одобрени на општина Струга нелегално. Иако соппственикот го знаевме не можевме да му доставиме ниту записник ниту решение“ , вели Трифун Танески комунален инсппектор.

Адвокатаот на клубот пак го тврди спротивното, општината започна отстранување на објектот без уредно доставено решение , без извршител и без судски налог. Клубот Црн Дрим Струга постои од 1948 година, во него тренираат кајакари од Струга, Охрид и Дебар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top