Драмата „Среќни денови“ од Бекет премиерно пред охриѓани

На сцената од Центарoт за култура на 14 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Среќни денови“ на Семјуел Бекет. Станува збор за копродукциски проект, каде носители на улогите се охридските актери Јасмина Билаловиќ  и Горан Стојаноски.

 |  Валентина Неловска  | 
poster
постер

pretstavaНа сцената од Центарoт за култура на 14 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Среќни денови“ на Семјуел Бекет. Станува збор за копродукциски проект, каде носители на улогите се охридските актери Јасмина Билаловиќ  и Горан Стојаноски.
„Среќни денови“ е култна Бекетова драма во која се зборува за изместената хармонија на човештвото во 20 и 21 век.
Во Македонија претставата „ Среќни денови“ за прв пат е поставена во  далечната  1976 година на Драмскиот театар во Скопје.  Претставата која охриѓани ќе имаат можност да ја видат е во режија на  Градимир Гојар. Познатиот саревски режисер  истакна дека направиле претстава која никого нема да остави рамнодушен . Бекетовата драма не се изведува секој ден нити на светските, нити на македонската театарска сцена кажа сараевскиот режисер. Овој текст го играат големи актери во светот, а не просечни. Затоа им се поклонувам на Јасмина Билаловиќ и на Горан Стојаноски за исклучителниот тежок чекор не само како професионалци, туку како храбри професионалци. Во Македонија преставата  се прикажува по четврти пат без оглед што се работи за текст на исклучителен писател како што е Бекет,кажа Гојар.   
Со оваа престава се најавува сериозен старт на професионалниот охридкси театар. Охридските актери, режисерот на преставата и ко-продуцентот Благоја Стефаноски истакнуваат дека Охрид ги поседува сите услови да има за професионален театар.
Актерот Горан Стојаноски се надева дека од година со поголемиот буџет ќе има и поголем број театарски престави. До крајот на декември оваа година најавуваат  на репертоарот  5 престави. Еднаш во неделата ќе бидат играни покрај „Среќни денови“, и „Граница“, „Валкани приказни“, „Верона,Верона“ и детската претства „Авантура“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top